Астрономски календар


Денеска е петок, 18 ноември 2022 година, 321-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 44 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа 43 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 2 […]

Власта и опозицијата да излезат во пресрет на барањата на студентите, вели Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски смета дека имаат основа барањата на студентите кои неделава преку протест и марш побараа подобрување на стандардот. Ги повикува и власта и опозицијата да излезат во пресрет на нивните барања. – Ова што го гледам, еден од предводниците на последните протести имаше коректна реченица – не би сакале да видиме политичари […]

Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк проследен на натамошна постапка во Собранието


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, со кој се предвидува до 15 март идната година на секој студент во државата да му се исплаќаат по 120 денари за оброк или 2.400 денари месечно, и предложи да се проследи […]

Грковска на Глобалниот форум на ОЕЦД во Луксембург


  Со почетокот на преговорите за членство во Европската унија и исполнување на критериумите за полноправно членство верувам дека ќе ги унапредиме капацитетите на институциите, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска која денеска учествуваше на Глобалниот форум 2022 на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), „Градење на доверба и зајакнување […]

Студентски марш во Скопје – жолт картон за МОН


Во центарот на Скопје вечерва се одржува студентски марш за обединето остварување на студентски права, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Студентскиот марш, што почна пред зградата на Владата, се одржува по повод Меѓународниот ден на студентите. Учесниците […]

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на хорот „Златно славејче“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на детскиот хор „Златно славејче“. Претседателот Пендаровски, упатувајќи честитки за успешната реализација на 52. издание на фестивалот „Златно славејче“, ги истакна значењето и улогата коишто повеќе од половина век овој фестивал ги има во развојот на креативноста и талентот на најмладите во државата. Членовите на постојаниот детски хор […]

Директорот на М-НАВ ги правда високите плати: Комплексна била дејноста и да се спречи „одлив на мозоци“


  Директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди на денешниот брифинг, осврнувајќи се на аферата „паразити“ што ја објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на платите на вработените во акционерското друштво, нагласи дека не користат пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестии и истакна дека платите се оформени според комплексноста на дејноста, како и […]

Етапно реновирање на студентските домови, тригодишниот проект ќе почне со „Стив Наумов“


Од почетокот на 2023 година ќе се реализира проектот за реновирање на студентските домови во државава и ќе стартува со „Стив Наумов“ во Скопје, каде што условите се најлоши. Проектот вреден околу 20 милиони евра од Германската развојна банка ќе се спроведува во три фази во наредните три години. Акцискиот план на Министерството за образование […]

Медиумите ѝ направија услуга на Левица со „Раде Шербеџија“


  Невниманието на медиумите и брзината да се пренесе информација доведуваат до вистински заблуди. Така еден поголем број медиуми јавија дека прославениот Раде Шербеџија бил на отворањето на нова канцеларија на општинскиот огранок на Левица во Ѓорче Петров. Шербеџија не бил во Ѓорче Петров, туку на фотографија што предизвика своевиден спектакл кај дел од јавноста […]

Сали: Не се споменува намалување на плати или укинување на дежурства


Министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање изјави дека се што се говори надвор од официјалното соопштение по вчерашниот состанок со Синдикатот на Клиничкиот центар и Лекарската комора, е шпекулација. – Сето тоа се шпекулации од кругови на опозиција. Вчерашниот состанок што го одржавме е инициран со оваа цел, разјаснување на тоа […]

Д-р Софијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника


Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова и ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња. Директорката на Детската клиника заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев […]

МП: Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, еден од најлибералните во Европа


Собранието на Република Северна Македонија едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување. Ова, соопштија денеска од Министерството за правда, e еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда […]

Се посвојуваат станици за следење на аерозагадување


Зелен хуман град дава 32 станици за следење загадување во Скопје, на посвојување. Колку и чудно да звучи ваквата констелација на зборови, сепак тоа е вистина, затоа што преку Градот не им даваат да ги постават овие станици, па смислиле да ги постават волонтерски. Еве што велат во објавата: „Дечки и девојки од Скопје, во […]

Јапонија донираше санитетско возило за Здравствениот дом во Свети Николе


​ Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, денеска официјално ја промовираше донацијата од неговата држава – ново сантитетско возило „нисан“ за Здравствениот дом во Свети Николе. На церемонијата присуствуваа  градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, и директорката на Здравствениот дом, д-р Славица Панева. Цената на санитетското возило е 54.633 евра. ​„Во текот на изминатата година со […]

Значително намален бројот на предвремено родени бебиња во земјава, од 25 проценти во 2016 година на 8,2 отсто оваа година


Од 25 проценти смртност на предвремено родени бебиња во 2016, бројката е значително намалена во 2022 година на 8,2 отсто. Токму со набавка на најсовремена опрема, посветеност на Министерството за здравство, Светската здравствена организација, УНФПА и УНИЦЕФ за развој и имплементација на планот за пред натална грижа, постигнавме значително унапредување, односно намалување на смртноста на […]

Донација од Јапонија за нов покрив во градинката „Изворче“ во Злетово


На 17-ти ноември 2022 г., Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Хиронори Савада потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. ​Грант договорот беше потпишан со Општина Пробиштип и има за цел отстранување на стариот азбестен покрив и инсталација на нов покрив во […]

Нуредини: За зелената агенда не смее да има политика, потребна е долгорочна стратегија


Зелената агенда треба да ја спроведеме заради нас, за граѓаните, но тоа не е ништо што може да се реализира преку ноќ. Неопходна е долгорочна стратегија, а за тоа треба да седнеме сите заедно. Политика во зелената агенда нема и не смее да има, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на […]

Петровска ги поднела до одговорните лица за истрага сомнежите и материјалите од Ковачки


„Благодарам за упатената доверба од страна на пратеникот Ковачки во мене како министерка. Неговите сомнежи и доказни материјали денес се поднесени до одговорните лица за понатамошна истрага“, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска не нејзиниот фејсбук профил. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Драган Ковачки синоќа во ТВ дуелот во „Само […]

Симпозиум за современите предизвици на филозофијата


Со дводневен симпозиум на тема „Современите предизвици на филозофијата и/на науката“, Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија по 19 пат го одбележуваат Светскиот ден на филозофијата. Настанот го отвори деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, Ратко Дуев, кој рече дека на овој ден се слави мудроста и меѓу […]

Во сабота релативно топло со сончеви периоди, во недела и понеделник врнежи


Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија од влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела […]