Општина Аеродром изрече глоба за депонирање кабаст отпад до контејнери


Утрово, инспекторите на општина Аеродром изрекоа глоба за депонирање кабаст отпад на булеварот „Јане Сандански“. Општината Аеродром и инспекциските служби се активни на терен, водејќи смета за одржување чиста и средена општина. Во изминатиот период во неколку наврати Општина Аеродром упатуваше апели чија цел беше едукација и подигнување на свеста за граѓаните за депонирање на […]

Делови од Скопје пет часа нема да имаат струја


Поради закажани технички зафати во мрежата, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Бутел. Како што информираат од РЦУК Скопје, утре без струја од 8 до 13 часот ќе бидат дел од улицата „Партениј Зографски“ од бр. 65 до бр. 77 (до крајот на уличката) и дел од ул. „Тодор Александров“ […]

Стипендија од 18.000 денари за студентите на додипломски студии од земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска учестуваа на академскиот час во организација на Факултетот за Земјоделски науки и храна, по повод 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите. Честитајќи им го Меѓународниот ден на студентите, Николовски упати порака да бидат посветени на науката, гласни […]

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“


Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на државната награда „22 Ноември“. Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на […]

Тренчевска: Доколку има потреба ќе се прошири опфатот на најранливи категории кои се дел од антикризните мерки


 Почнувајќи од декември оваа година, најранливите категории на граѓани ќе добијат финансиска поддршка, како дел од новиот пакет антикризни мерки. Не е исклучена и можноста да се прошири опфатот на граѓаните кои се детектирани како најранливи категории, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешната конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на […]

Спасовски: Набрзо ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе ја известиме јавноста


 Меиловите со најави за поставени бомби се праќаат од надвор и за истрагата одиме преку меѓународна правна помош. Во истрагата и во обезбедувањето на информации и докази се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на министерството за внатрешни работи, како и партнерските служби и иако досега сите дојави се лажни, по секоја мора да се […]

Христова за МИА: Превентивата во бременоста и по породувањето, клучни во третманот за предвремено родени бебиња


Редовно следење на бременоста, правилен начин на исхрана, умерена физичка активност, се препораките на кумановските лекари до бремените жени по повод Меѓународниот ден на предвремено родени бебиња – 17 ноември. Во кумановската болница 2,8 проценти од родените, се предвремено родени бебиња. Грижата за најмалите борци трае сè додека има потреба, вели д-р Александра Христова, супспецијалист […]

Станбените згради без или со оштетени хидранти, противпожарните скали не функционираат


Велосипеди, мотоцикли и стар мебел се само дел од работите оставени на хоризонталните коридори во станбените згради. Се остава сè она што не му е потребно на едно домаќинство, без притоа да се води грижа дека со тоа се отежнува евакуацијата на граѓаните во случај на пожар. Хидранти нема или се оштетени, а во новите […]

Со марш од Влада до МОН студентите ќе ги бараат своите права


Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот, од Влада до Министерството за образование и наука, на марш обединето ќе ги бараат своите права.   УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и дека само сплотени […]

Градежна офанзива и сообраќаен метеж во центарот на Скопје


Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници во Скопје, возење по една или две ленти и нервозни возачи е секојдневие во главниот град особено во утринските и попладневните часови. Од Град Скопје велат дека реконструкциите се на барање на граѓаните и се прават поради дотраеност на улиците. Улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Клубот на пратеници и булеварот […]

Облачно со повремен дожд и ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Ќе дува умерен ветер од југозападен до југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 17 ноември 2022 година, 320-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 45 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денов трае 9 часа 45 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе зајде во […]

Принова во ЗОО Скопје: Нов член во семејството макаки мајмуни


Зоолошката градина во Скопје е збогатена за уште еден нов член. Се работи за принова кај мајмуните од видот макаки со свински опаш, информираа од „Скопје ЗОО“. -Принова кај мајмуните од видот макаки со свински опаш. Една фамилијарна фотографија од мама, тато и бебето – напишаа од Зоолошка, во описот на фотографијата.

На Онкологија се истражува дали вработените продавале лекови


На Клиниката за онкологија се прави целосна ревизија на работењето, која треба да покаже дали има скандал на клиниката со немањето и препродажбата на цитостатици. Министерот за здравство, Беким Сали, побарал од новата в.д. директорка на Клиниката за онкологија, д-р Виолета Клисарова, да ги провери документите за да се дознае каде завршуваат парите во оваа […]

Зелен Хуман Град: Добивме „зелено светло“ за транспорт на миленичињата во автобусите на ЈСП


Од неформалната иницијатива Зален Хуман Град, попладнево на фејсбук објавија како што тие велат „три убави вести“ поврзани со градот Скопје. Првата вест се однесува на ЈП „Лајка“ за кое тие информираа дека се обезбедени субвенции од буџетот на Град Скопје, втората вест е поврзана со поставувањето на времените објекти, односно сите забелешки добиени од […]

Општина Аеродром: Ниту едно дрво на „Васко Карангелески“ нема да биде исечено


Со градежните активности на улицата ,,Васко Карангелески” која е под целосна надлежност на Град Скопје, останува исполнето ветувањето, дека ниту едно дрво нема да биде исечено. Согласно комуникацијата која Општина Аеродром ја имаше со ЈП ,,Паркови и зеленило” како претпријатие на Град Скопје надлежно за зеленилото на оваа улица, ниту едно здраво дрво покрај улицата […]

Усвоен Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилствo


Собранието попладнево во рамки на 91.седница ги донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на законите за даночна постапка и за регистрирање на готовински плаќања. Пратениците од власта и од опозицијата беа едногласни дека законот за исплата на паричен надоместок на жртви од […]

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се носат по скратена постапка


Собранието на Република Северна Македонија изгласа предлог-законот за изменување на Законот за субвенционирање на студентски оброк да се носи по скратена постапка. Предлогот беше усвоен со 54 гласови и Собранието ги задолжи Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело и Законодавно-правна комисија да расправа по предлогот. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ изјави дека […]

Од утре испорака на новите учебници – за две недели ќе ги добијат сите


Поминаа два и пол месеци од почетокот на првото полугодие од учебната година, но наставата се одвива во услови на недостиг на учебници. Како решение, учениците фотокопираат наставни материјали или учат од оштетени книги. Министерот за образование, Јетон Шаќири за ТВ21 изјави дека учебниците се готови и дека од утре ќе им бидат достапни на […]

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на општина Центар во 2014


  Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014-та година, соопштија од судот. Основната причина поради којашто Судот се одлучи за поведување на постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа. […]