Министерството за култура ќе ја доградува Универзална сала


  Министерството за култура ќе ја доградува Универзална сала, а Министерството за локална самоуправа ќе соработува со Градот Скопје за реализација на капиталните објекти во метрополата. Ова е резултатот од денешната средба која ја имаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Средбата […]

Пенов: Сите општини да ги почитуваат препораките за штедење струја


  Општина Карпош е позитивен пример за почитување на препораките на Владата во однос на штедењето на електричната енергија, има потребна од решавање на проблемот со паркирањето, беше истакнато при денешната посета на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на Општина Карпош.На средбата на министерот со градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е констатирано дека Општина […]

Министерството за транспорт негира дека ги користи фотоволтаиците за да легализира дивоградби


Министерството за транспорт и врски реагира на, како што оценуваат, манипулативните и неточни информации изнесени во јавноста во однос на постапките за измените на Правилникот за Урбанистичко планирање. -Водејќи се од транспарентноста во постапките, Министерството за транспорт и врски има воспоставено редовна пракса на вклучување на стручната јавност и граѓанскиот сектор и сите други заинтересирани […]

Истражување покажало вознемирувачки однесувања на наставници во училиштата низ земјава


За врсничко насилство често се зборува, но малку за насилството, психичко или физичко, што го прават наставниците кон учениците во образованието. Заплашувања и покажување моќ, директно физичко насилство и недолично однесување врз основа на физичкиот изглед со невкусни коментари, е нотирано во истражувањето што преку онлајн-прашалник,  наречен „Кажи си“, во септември го спровеле здруженијата „Младите […]

Сали бара решение за долгот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза’


Се работи на решавање на проблемот со заостанатиот долг за електрична енергија на клиниките во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Во изјава за медиумите појасни дека проблемот е кај дел од клиниките кои набавуваат електрична енергија преку заеднички служби. -Еден дел од клиниките набавуваат електрична енергија директно […]

Абази ја испрати Рускоска со букет рози


Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денес даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата од Вилма Русковска. На примопредавањето на функцијата Абази ѝ подари букет бели рози на Русковска, а таа го информираше за предметите што се водат и […]

Владата најавува конкретни решенија, студентите ќе ѝ протестираат пред врата


Од Владата велат се работи на сите прашања заради кои се повикува на нови протести од страна на студентите и оти наскоро ќе има конкретни решенија. Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на новинарско прашање за ставот на Владата за протестите на студентите и нивните барања, рече дека Владата им е сојузник на студентите и оти ќе […]

Реконструиран хоспиталниот оддел на Универзитетската клиника за нефрологија


Заврши реконструкцијата на хоспиталниот оддел на Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје, со што, како што информираше денеска директорката на Клиниката, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, се заокружува комплетното реновирање на објектот. – Реновирана е површина од околу 750 квадратни метри каде се наоѓаат интензивните делови, делот за трансплантација и васкуларни пристапи. Успеавме да завршиме во […]

Следните денови променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд


Под влијание на серија влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер […]

Скопје утрово меѓу најзагадените градови во светот


Според веб-страницата IQAir, која ги рангира земјите според степенот на загаденост на воздухот, Македонија утрово високо котира на непопуларната светска мапа. Со индекс на загаденост од 166 во Скопје, Македонија е на врвот на листата на IQAir, а пред нас се само Белград во Србија и Делхи во Индија. Како што се наведува на веб-страницата, […]

Лажни се дојавите за бомби во училиштата


Полицијата изврши детални проверки во седум училишта во Скопје каде имаше дојави за бомби, и соопшти дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека седум училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за […]

Жан Митрев ги нарече тенденциозни и нарачани шпекулациите дека ја продава клиниката


Клиничката болница Жан Митрев целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија. -Шпекулативните, нарачани и тенденциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок клиниката нема да биде ставена на продажба.   Официјален и единствен сопственик е д-р […]

Тренчевска: Законот за финансиска поддршка на ранливи категории усвоен од Собранието


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати до сите граѓани во врска со вчерашното усвојување на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза од страна на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. „Во време на економска и енергетска криза точно ги мапиравме […]

Почна комисиската расправа за улогата на АНБ и АР при доделување македонско државјанство на Онишченко


 Во Собранието денеска почна расправата во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. – Причината за оваа седница е бидејќи во изминатиов период се соочуваме со непријатности поврзани со […]

Итни законски измени за надминување на проблемот со педијатри во Охридската болница


Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти, ниту има 24 часовни дежурства. Причина за тоа е немањето доволно педијатри. Двајца доктори вршат само амбулантски прегледи од 8 до 20 часот, во работни денови. Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е […]

Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје


Седум скопски средни училишта добила дојави за поставени бомби . -Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и […]

Општина Центар со финансиска поддршка за повозрасните


На 16-тата седница на Советот на Општина Центар, покрај останатите точки, советниците ги изгласаа Измената и дополнувањето на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца за 2022 година. Со оваа измена и дополнување ќе им се овозможи на околу 14.000 жители на општината од најранливите категории да добијат помош во финансиски средства, со […]

Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија


Во Берово утрово е најстудено, два степена, додека максимални 10 степени се измерени во Гевгелија. Според УХМР, до 8:30 часот три степени се измерени на Попова Шапка, 4 во Струмица и Лазарополе, 5 во Демир Капија, Претор, Маврови Анови и Крушево, 6 во Прилеп, Крива Паланка и Дебар, 7 во Битола и Охрид, 8 во […]

Седница на собраниската Комисија за случајот „Онишченко“


Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска треба да ја одржи својата петта седница на која ќе расправа за улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов во вторникот најави […]

Без вода делови од Автокоманда, Железара и Центар


Без вода денеска ќе бидат делови од населбите Автокоманда и Железара, како и неколку улици во Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради монтирање на затворач ф-200 милиметри на улица „Душан Тасковиќ“ бб во Парк шумата Гази Баба, од 8 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Железара, вклучително и […]