Облачно и магливо


Времето ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 16 ноември 2022 година, 319-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 46 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 16 часот и 12 минути. Денов трае 9 часа 47 минути. Месечината ќе изгрее во 22 часот и 58 минути, а ќе […]

Апасиев и Мицкоски заедно сакаат да ја однесат Македонија во амбис, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски и вечерва од граѓанската трибина во Гостивар ги повтори оценките на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев велејќи дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица сакале да ја однесат земјата до амбис. „Немаме ниту време ниту пари за некакви експерименти.  Апасиев и Мицкоски заедно сакаат да ја доведат земјата до раб на амбис.  […]

Албанија го охрабрува дијалогот за решавање на проблемите во северниот дел на Косово


Албанија охрабрува дијалог за решавање на проблемот во северниот дел на Косово, изјави денеска министерот за одбрана Нико Пелеши. Според него Косово е целосно во  право кога бара реципроцитет со Србија. – Мојот коментар е на албанската Влада, премиерот јавно го соопшти. Ние сме за решение преку дијалог, затоа го поттикнуваме дијалогот. Се разбира, Косово […]

Владата го разгледа Извештајот на М-НАВ за процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање


  Владата на денешната 102 седница го разгледа Извештајот на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје во однос на процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање. Како што соопшти владината Прес-служба, на седницата беа образложени активностите коишто се спроведени од […]

Спасовски : Лажните дојави трошат многу сили и ресурси, но полицијата е апсолутно подготвена


Да се влијае на политичкиот момент во државата, да се влијае на капацитетот на институциите, да се влијае на граѓаните преку предизвикување вознемиреност, несигурност, да се се пласираат лажни дојави, лажни вести се практично целите кои сакаат да се постигнат со лажните дојави на бомби, кои се случуваа изминатите недели во повеќе скопски средни училишта, […]

Шаќири: Ќе се подобрат и студентски домови, а ќе има и за оброк


Од Германската банка за развојни политики веќе се добиени проекти во вредност од 24 милиони евра и дел од студентски домови се во одредени фази на подобрување на состојбата, а од март ќе биде повисока и поддршката за студентски оброк и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до […]

Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар за Градска четврт Ј 07 утре на седница на Уставниот суд


Една од точките на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд ќе биде предметот во кој е оспорена Одлука за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 2014-та година, донесена со 11 гласа, а се однесува Градска четврт Ј 07. Овој предмет, потсетуваат од Сuдот, веќе беше ставен на дневен ред на […]

Во септември 277 одобренија за градење, предвидени 427 станови


 Во септември годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е 12,9 проценти помалку во однос на септември минатата година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, најголем број одобренија се издадени во Полошкиот регион, 73, по што следат Скопскиот со 69, Вардарскиот со 34, Источниот со 30, а најмалку, четири, во Североисточниот регион. Според […]

Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен, судењето продолжува на 23 декември


Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар. Откако јавниот обвинител го прочита […]

Темелковски: УСС на УКИМ ги има истите барања за студентите, но прво институционално


Се согласувам со барањата, и ние ги имаме истите, но различно пристапуваме. Како универзитетски собранија, прво гледаме да ги исцрпиме сите можности по институционален пат и, доколку не наидеме на соработка на тој начин, тогаш би активирале други механизми за остварување на нашите права, изјави за МИА Славчо Темелковски, претседател на Универзитетското студентско собрание на […]

Патната инфраструктура е главен проблем на Битола: Интервју со градоначалникот Тони Коњановски


  БИТОЛА – По една година од мандатот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вели дека патната инфраструктура е еден од најголемите проблеми на градот, а нерешениот проблем со кучињата скитници еден од најгорливите. Коњановски вели дека не може да се пофали со некоја добра соработка со Владата затоа што заедничките клучни проекти со централната власт […]

Дваесет садници од „Еко-свест“ во Градски парк – енергетската криза да биде мотив за енергетска транзиција кон обновливи извори


Урбаното зеленило има важна улога во прочистувањето на воздухот, особено во ова време од годината, поради местоположбата на главниот град, но и засилената урбанизација, а сега дополнително и заради енегргетската криза. Зеленилото трбеба да се чува, негува и проширува секаде каде е возможно, вклучувајќи ги и нашите домови, изјави денеска министерот за животна средина и […]

Опасностите од невакцинирање на децата се пофатални од привремените реакции по вакцинирањето


Опфатот на вакцинација кај децата до пред ковид пандемијата изнесуваше околу 95 проценти, но изминатите две години тој бележи пад. Поради раздвиженоста од една во друга држава, невакцинираните деца се на некој начин загрозени да дојдат во контакт со болести што веќе се искоренети, вели д-р Катерина Ставриќ, директорката на Клиниката за детски болести. На […]

ЗХГ: Министерството за транспорт и врски им помага на зелената мафија и крупниот капитал


Министерството за транспорт и врски ја злоупотребува енергетската криза за да им излезе во пресрет на градежната мафија и крупниот капитал со што ќе нанесе непоправливи штети на животната средина и ќе ни ги доведе во уште поголема опасност здравјето и животот на сите нас, тврди Зелен хуман град. Повод за реакцијата е усвојувањето на […]

Врнежи од дожд од утревечер, во петок стабилизирање на времето


 Повремени врнежи од дожд ќе има утре кон крајот на денот и во четврток. Утринските температури утре ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 9 до 17 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок ќе настапи […]

Сојузот на средношколци солидарен со студентите


Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, во духот на солидарноста со нашите партнери од Универзитетското студентско собрание при УКИМ и сите останати студентски собранија, изразува јавна поддршка на студентските собранија и им честита на вчерашната победа. Апелираме да се размислува за изнаоѓање на системско решение за субвенционираниот студентски оброк, налик на моделот применуван во […]

Алиу: Врската помеѓу компаниите и училиштата игра голема улога во развојот на индустријата


Инвестирањето во образованието е приоритет на секоја држава. Државите кои не преземаат смели и радикални чекори во областа на едукација и остручување на младите се осудени на стагнација и пропаст. Уверен сум дека чекорите кои ние како држава ги преземаме можат да придонесат за развој не само на општеството туку и на поединецот. Ова го […]

Анкета на МЦМС: Младите во Македонија потврдокорни од постарите


Нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Имено, големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91%), зависници од алкохол (88,6%), луѓе со криминално досие (82%), припадници на ЛГБТИ заедницата (81%) и лица заболени од ХИВ (77%). Мнозински, […]

Пренџов: Димовски во петок ќе реферира за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко


Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов вели дека утре ќе се одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, но дека во […]