Дојава за поставени бомби во пет училишта во Гази Баба


Фото: Б. Грданоски
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.
 
– Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта „25 Мај“, „Дане Крапчев“, „Григор Прличев“, „Кирил и Методиј“ и „Крсте Мисирков“ се пристигнати дојави за поставени бомби. Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите – вели Стефковски.
 
Тој изрази  најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и бара од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави. 
 
Вчера, дојави за поставени бомби имаше во повеќе скопски училита, но и во неколку други градови. Ноќта, МВР соопшти дека лажни биле дојавите и за 23 основни училишта во Скопје.