Зголемена капитацијата за гинеколозите и стоматолозите


Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со  Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната  седница на Управниот
одбор, одржана на 26 декември 2022 година,  донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми  вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00  на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод  се зголемува  од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице .

Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари  во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ.

Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање  повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава.