На советниците од Град Скопје не им се даваат 12 милиони евра топтан на ЈСП


 

Амандман кој предвидува на ЈСП Скопје да му се дадат првично 370 милиони денари, а станатите подоцна ги раскара соевтниците во град Скопје, кои се трудат да ги распределат парите од изгласаниот Буџет за 2023 година. Сепак, само 18 советници гласаа „за“, додека другите или не гласаа, или беа воздржани или против.

„Паузата ја побаравме да добиеме информација од Јавното претпријатие, зошто му требаат 740 милиони. Овие пари не се наши, овие се на граѓаните. Каде ќе одат овие пари? Каде завшрија оние кои претходно им ги дадовме? Немаме повратна информација, за нефункционирањето на ова претпријатие и за дополнителните проблеми за кои прашуваат граѓаните. Како да им дадеме 740 милиони денари, а тие да не ги исполнуваат своите обврски.

Треба да има квалитетен автобуски превоз, а таков немаме. На авотобуските се чека со часови. Поминува еден – преполн, а луѓето нема каде да се качат. Ние само даваме пари, а не знаеме каде одат тие пари“, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Некој постојано милува да прашува „Каде се парите на граѓаните? Е па, кај се парите на граѓаните“, праша Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Трајановски, заменик-градоначалник, смета дека повторно се манипулира, затоа што паузата не била да се даде информација каде се парите. Вели дека информација ќе добијат во квартален извештај, тримесечен, шестмесечен, како што било и претходно.

„Парите одат на истото место каде што одат години и години претходно“, рече Трајановски.

Филип Јаневски, кој е подносител на амандманот, побара одговор од директорот на ЈСП, а не од Трајановски.

„Ако не знаете да ми одговорите каква е состојбата во вашето претпријатие, вие треба да си поднесете оставка“, порача Јаневски.

Тој постави прашања за состојбите во ЈСП, за неисплатениот долг кон приватните превозници, за менување на возен ред неизгласан од Советот, за доцнењето на автобусите…

„Јас поставувам прашања во име на стотици илјади граѓани, кои наутро ве пцујат затоа што по час и половина чекаат автобус“, рече Јаневски.

Тој потенцира дека ако овој амандман не помине, тешко дека одлуката ќе помине. Инаку, со амандманот предлага 370.000.000 денари да се исплатат на ЈСП, а потоа останатите предвидени пари, но откако ќе имаат информации како се трошат парите во ЈСП.