Македонскиот премиер и министрите со двојно пониски плати од косовските и десет пати помали од австриските


Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски има плата од 88.260 денари или безмалку 1.500 евра, додека платите на вицепремиерите и министрите се околу 70 тина илјади денари или речиси 1.200 евра. Линк до текстот тука

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Токсичната мажественост им штети на сите, потребни се промени во воспитувањето од најрана возраст и советувалишта за мажи


Живееме во општество каде машките од најмала возраст ги учат дека треба да бидат силни и да не иразуваат емоции, а тоа предизвикува голема парализа во градењето на мажественоста, која се толкува на погрешен начин, со што, покрај погрешното градење на нивниот идентитет, тие во конфликтни ситуации, наместо да пристапат кон конструктивен разговор, најчесто ги […]

Нека трепка магијата на новогодишната честитка


Дедо мраз со бела долга брада и црвена облека, со санка носи подароци во ноќта со голема месечина во пресрет на Божик и Нова Година. Слика на честитка што сум ја добила пред многу години кога посетував основно училиште. Од другата страна на честитката со детски ракопис напишано: Среќна нова година, многу здравје и радост. […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 11 декември 2022 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минута, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа 11 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Стразбур во вторник ќе објави пресуда за дискриминацијата на децата Роми во Штип и Битола


 Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторник ќе ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Северна Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип, јави дописникот на МИА од Стразбур. Апликантите, 87 државјани на Северна Македонија, се […]

Отворен е Штип сити мол


  Со свечено сечење на лентата и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија – Штип сити мол.     Голем број на посетители од целиот регион дојдоа да го посетат трговскиот центар и да се запознаат со неговите содржини. На вкупна површина […]

Ако продолжи кризата ќе има помош за граѓаните и идната година


Во буџетот на Владата има средства за 2023 година доколку економската и енергетската криза продолжат и понатаму за да креираме нови антикризни мерки, нов пакет на антикризни мерки во коишто, исто така, ќе ги детектираме најранливите категориии на граѓани, на оние на коишто им е потребна најмногу помошта за да бидат вклучени во новиот пакет […]

Тренчевска ги повика децата и родителите да пријавуваат насилство во училиштата


Треба да се охрабрат децата и родителите да пријавуваат секакво насилство во училиштата од врсници. Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа реагира веднаш по добиена пријава, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Во одговор на новинарско прашање за зачестеното врсничко насилство во училиштата министерката Тренчевска денеска во […]

Нуредини изврши увид во пренасочувањето на природното речно корито на Сатеска


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески и претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) извршија увид во активностите за реставрација и пренасочување на природното речно корито на река Сатеска што се влева во реката Црн Дрим. Како што соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање, Нуредини нагласил дека се […]

Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин добитници на наградата „Мето Јовановски“


Годинашните добитници на државната награда „Мето Јовановски“ се Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин. Станува збор за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградите во Кристалната сала на Собранието им ги додели претседателката на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, […]

Непотизмот и тендерите главни извори на корупцијата во Македонија


Проблемот со корупцијата е присутен и претстои уште многу работа. Потребни се суштински реформи, а не реформи на хартија, согласни се и политичарите и институциите надлежни за борба против корупцијата. Отворена поддршка за борба против корупцијата упати и меѓународната заедница. Според претседателот на државата Стево Пендаровски, лоши сме во борбата против корупцијата и немаме капацитет […]

Ни приоритетите за сајбер безбедност не се приоритет во Македонија


 Секоја од надлежните институции во државата во рамки на своите ингеренции мора да ги развива капацитетите согласно дефинираните приоритети во Националната стратегија за сајбер безбедност и акцискиот план, а државата мора да пронајде начин за зголемување на буџетот поврзан со зајакнување на капацитетите во делот на сајбер безбедноста, истакнува во интервју за МИА деканот на […]

Пари за К-15 за 2020 и за 2022 за буџетски корисници ќе се обезбедат со прераспределба на средства


Владата денеска донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за […]

Маричиќ: Напредок има, но далеку сме од таму каде што би сакале да бидеме


Борбата против организираниот криминал и корупцијата и напредокот на патот кон Европската Унија се два меѓусебно зависни процеси кои го забрзуваат процесот на интеграција. Не можеме да очекуваме дека ќе имаме застој во борбата против корупцијата, а дека ќе одиме на патот кон ЕУ и обратно, ако сме добри и имаме добри резултати во овој […]

ЕК го обнови договорот со Македонија за борба против тероризмот


Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел потпишаа ревизија на билатералниот договор со Северна Македонија, обновувајќи ги активностите за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба против тероризам за Западен Балкан, со што, како што соопшти Делегацијата на ЕК во Скопје, дополнително ќе ја надгради соработката во полето на борбата […]

Заеднички проект со Грција за пренатален скрининг во државава


Во просториите на Министерството за здравство на Северна Македонија денеска беше заокружено потпишувањето на трилатералниот Меморандум за разбирање помеѓу ова Министерство и Министерството за надворешни работи на Хеленската Република, како и Фондацијата за фетална медицина (Fetal Medicine Foundation) во врска со спроведувањето на заедничкиот проект за пренатален скрининг во државава во периодот од 2022 до […]

ДКСК ќе ги проверува правосудните испити на сите кандидати за Академијата за судии и обвинители


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)  ќе ги истражува документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање досега. Антикорупционерите ќе истражуваат кои судии и обвинители стигнале до функцијата  со прекршување на законот, односно со предвремено полагање на правосуден испит. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска вели дека истрагата ќе таргетира […]

Наташа Габер-Демјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители 


 Наташа Габер-Демјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Демјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата. Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и […]