Шефицата на босанската дипломатија Турковиќ го посети Бошњачкиот демократски сојуз


Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија го посети Бошњачкиот демократски сојуз и имаше средба со раководството на партијата.

-Бошњачкиот демократски сојуз ја запозна министерката со своите активности и планови на полето на афирмирање и унапредување на правата на Бошњаците во Република Северна Македонија. На состанокот се разговараше за потребата и можностите за институционална соработка со Босна и Херцеговина, со цел воспоставување и јакнење на соработката помеѓу Бошњаците во Република Северна Македонија и Бошњаците на Босна и Херцеговина, соопшти Бошњачкиот демократски сојуз.

Турковиќ денеска, во рамки на нејзината посета на земјава, имаше средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на државата Стево Пендаровски.