Лажни и денешните дојави за бомби во Скопје


  Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се […]

УХМР: Ноември многу топол и сушен


 Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Северна Македонија, ноември годинава се карактеризира како многу топол и како сушен до просечен месец, покажува месечната анализа на УХМР. Средномесечната температура се движеше од 5,0°С во Лазарополе до 12,1°С во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1981-2010), […]

Здруженија за заштита на животните апелираат за нивно вклучување во работните групи за решавање на проблемот со бездомните животни


Четири здруженија за заштита на животните од различни градови во земјава преку соопштение реагираат поради, како што наведуваат, нивната исклученост од страна на Центарот за управување со кризи од координативните средби поврзани со контрола на популацијата на бездомните животни. Тие посочуваат дека на прес-конференцијата на ЦУК на 8-ми минатиот месец, на тема бездомни животни, изјавите […]

„Ист Гејт Мол“: Завршија безбедностните проверки, заканата за поставена бомба е неверодостојна


Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ преку своите социјални мрежи ги информираше закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции, при што, како што велат, утврдено било дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна. Од Трговскиот центар информираат дека трговскиот центар продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно […]

ДКСК: Американците сакаат самите да видат за што се потрошени милионите во правосудството


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја поздравува одлуката за испраќање тим од Вашингтон кој ќе помогне во истражувањето корупција меѓу бивши и сегашни функционери во земјава. -Поразително е  што ние дома не сме си ги завршиле задачите. За високата корупција, ако се има искрени намери, може да се случи нешто добро. Ние сме […]

Заврши мандатот на судијата Вангелина Маркудова, Уставен остана со 6 судии


Уставниот суд од денеска работи со шест од предвидени девет судии поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова. Последната седница на којашто присуствуваше судијката Маркудова, како што информираат од Судот, се одржа во средата на 7 декември и тогаш завршија нејзините работни обврски во Уставниот суд. Последна иницијатива по којшто Маркудова работеше и ја […]

Пред беровци претставени поедноставените постапки за поставување фотоволтаици


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ја посети општина Берово при што со градоначалникот Звонко Пекевски пред граѓаните ги претставија поедноставените постапки за поставување фотонапонски електроцентрали, по неодамнешните измени на Законот за градење. Целта како што истакна министерот Бочварски е општините да почнат со најлесна постапка да постават фотонапонски електроцентрали на крововите на […]

Дојави за бомби во Хрватска биле испратени од островот Куракао во Карипското Море


  Во понеделникот во 93 државни институции и приватни фирми во Хрватска стигнаа дојави за бомби. Меѓу таргетираните беше и Врховниот суд. Во пораките пишувало: „Во судот е поставена бомба“; „Ќе ја урнеме Владата на Република Хрватска“; „Не сме во војна со обичните граѓани“; „Не ни треба смрт“; „Цел – уништување на згради“… Иако немаше […]

Викендов пообилни и поројни врнежи, засилен ветер, од понеделник заладување


За време на викендот државава ќе биде под влијание на влажен бран што ќе предизвика времето да биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од утре попладне до недела и на места ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за […]

Грип, ковид, и разни вирози ги празнат училиштата и работните места


Од земени примероци од болни лица, во лабораториски услови е потврдено дека еден број од нив се позитивни на Ковид-19, други на вирусот на грипот, трети пак се позитивни на аденовируси, а останатите на респираторен синцицијален вирус РСВ. Со други зборови, во променливиот декември услови за ширење си најдоа разни вируси, некои од нив подзаборавени […]

Се повлекуваат приватните автобуси од пред „Мавровка“, блокадата продолжува на „Илинденска“ пред Град Скопје


 Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на  две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 […]

Дојави за бомби во ТЦ „Бисер“, „Ист гејт“, Транспортен центар, „Флатрон“ и ПС Центар (Видео)


Дојави за бомби во повеќе објекти има утрово, а полицијата интервенира и во „Ист Гејт мол“. Како што потврдија од МВР за „Независен“ во повеќе објекти во Скопје утрово има дојави за поставени бомби. – Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје […]

Повторно дојави за бомби во скопските училишта


Дојава за бомба има утрово во скопските средни училишта. Според очевидци и ученици, евакуирана е скопската гимназија „Орце Николов“, а се евакуира и „Јиосип Броз“ во центарот а градот. Учениците си заминуваат дома. Евајкуација по дојава се врши и во „Никола Карев“, но и во „Владо Тасевски“. Полицијата е на терен и ги проверува просториите. […]

Меѓународен ден за борба против корупција


  По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември, Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска на брифинг за новинари ќе информира за актуелните процеси поврзани со унапредувањето на работата на ДКСК кон остварувањето на поставените стратешки цели, како и за актуелните прашања и случаи од надлежност на комисијата за кои има […]

Променливо облачно и ветровито


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени. Во Скопје значително облачно, претпладне со услови за појава на […]

Е-инспектор за елиминација на коруптивни намери и дела


Елиминација на човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциите, намалена корупција, помалку инспекциски надзори и контроли, скратено време на инспекциските постапки, зголемена правна сигурност за субјектите на надзор. Тоа треба да се овозможи со Е-инспектор, електронски систем за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор преку кој треба да се поврзат 28 инспекциски служби. […]

По многу години, се роди прле во скопската Зоолошка


Во скопската Зоолошка градина повторно имаме бејби бум или поголем број принови. Најновата вест е дека во зоолошката, по многу години, се роди женско прле. Убавата вест од Зоолшката ја објавија со фотографија од магарицата и нејзиното прле.  

Сообраќајот по влажни коловози, врнежи од снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има на Стража, Маврово, Струга, Македонски Брод и Пресека, а од слаб снег само на Попова Шапка, информира АМСМ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Маричиќ: Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет


Денешниот државен и верски празник Св. Климент Охридски е безвременски синоним на македонската духовност, писменост и идентитет. Чествувањето на Св. Климент Охридски, големиот просветител и духовник, нема само национална димензија. Универзалната големина на неговото дело е од суштинска важност за севкупната европска култура, напиша на Фејсбук  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.   Неговата мисија, како што […]

Во Берово утре информативен настан за новите процедури за фотоволтаици


Во Берово е закажан состанок на кој пред граѓаните ќе бидат презентирани новите поедноставени процедури за поставување фотоволтаици. Настанот е во организација на Општина Берово, а како што информираа оттаму, најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.   -На настанот може да присуствуваат сите правни и физички лица, кои се заинтересирани […]