Исплата на стипендии и оброк до крај на јануари


Фото: Б. Грданоски
Од Mинистерството за образование и наука известуваат дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.
 

Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата на Република Северна Македонија.

Програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што МОН ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кои учениците и студентите.