Полицајци или цензори: Скандалозно избришан видео запис на тв21!


  Здружението на новинарите на Македонија извести дека на да денешните протести во Скопје поврзани со блокадите на приватните превозници, полицијата грубо го прекрши правото на новинарите да снимаат и известуваат.   -Според сведочењето на колешката Фазиле Халили од тв21 таа со својот мобилен телефон снимала дел од протестот каде полицајците влечеле една жена. Во […]

Превозниците решија: Протестот ќе продолжи пред Град Скопје


  Координативното тело донесе одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од зад Владата кон Карпош до „Алумина“, информира денеска на прес-конференција Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“. […]

Четврти ден блокади на приватните автобуски превозници


 Околу 200 автобуси на приватните превозници и денеска четврти ден продолжуваат да блокираат неколку главни улици во Скопје. Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за медиумите информира дека во саботата ќе одржи состанок координативното тело на приватните превозници, на кој ќе очекува да одлучат за понатамошните мерки. – Како што спомнав, бесот се повеќе […]

Доделени државните награди „Св. Климент Охридски“


Државните награди „Св. Климент Охридски“ за 2022 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност во земјава денеска им беа врачени на универзитетскиот професор д-р Африм Османи, писателот и академик Влада Урошевиќ и ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ и кардиохирургот проф.д-р Сашко […]

Викендов дожд, од понеделник и снег


Променливо облачно време ќе имаме и во наредните денови. За време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.

Света архиерејска литургија во Соборниот храм по повод Св. Климент Охридски


По повод празникот на големиот светител Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква – Македонската православна црква – Охридска Архиепископија во Соборниот храм во Скопје денеска се одржа света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во соослужение со шест архиери и многубројни свештенослужители.   На литургијата проповедаше […]

Арсовска ги тргна портретите на поранешните градоначалници, ги ставила во ходникот до вецињата и бифето


Градоначалничката Данела Арсовска ги тргна портретите на досегашните градоначалници на Скопје кои над 20 години стоеја во салата за состаноци до нејзиниот кабинет, објави порталот СДК.мк. Според порталот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, Арсовска наредила портретите да се тргнат од салата и да се закачат во ходникот каде што се вецињата и бифето. Така, […]

Метеорологот Славчо Попоски: Регионот ќе го погоди снежна бура, моќниот циклус доаѓа и во Македонија


Моќниот циклон кој за време на викендот ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, ќе донесе опасност од локални поплави, вели метеорологот Славчо Попоски. Со продорот на многу постуден воздух од Арктикот, во речиси сите земји од регионот се очекува и снег кој во планинските места ќе достигне висина дури и повеќе од 20-30 сантиметри, објаснува тој за НоваТВ. […]

Истражување: Граѓаните најмногу му веруваат на претседателот


Животот во Северна Македонија се движи во погрешна насока. Политичарите работат само за лични интереси. Кај нив не постои желба за вистинска промена и подготвеност за спроведување најнеопходни реформи. Ова е перцепцијата кај повеќето граѓани коишто учествувале во тематското истражување на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Преку осум фокус групи целта била да се истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, довербата […]

Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат на планинскиот превој Буково, информираат утрово од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ […]

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници


  Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз“. Тој додаде дека се останува исто, односно се додека нема некакво придвижување во состојбата ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град. Директорот на „Макекспрес превоз“ Милорад Димитријевски вчера […]

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски


  Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, собраниска и владина делегација ќе положи цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Во состав на владината делегација ќе бидат заменик […]

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, како што информираат од УХМР, ќе биде значително облачно со слаб […]

ЈП „Лајка“ со конкурс за најубава празнична фотографија со куче


Во пресрет на празничниот период од годината, ЈП „Лајка“ објави „Конкурс за најубава празнична фотографија со вашето куче“. -Во изминатите две години во нашата земја се вдомени преку 300 кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, па ги покануваме сите досегашни вдомувачи да се пријават и учествуваат на овој конкурс со своите миленици од “Лајка”, а […]

„Макекспрес превоз“: Не сме организатори на протестите, не знаеме до кога ќе траат


Од „Макекспрес превоз“ велат дека не се организатори на протестите и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени. – Јавно, преку вас медиумите, апелираме политичките партии […]

Поради магла намалена видливост во Крушево до 30 метри


Поради појава на магла во Крушево се бележи намалена видливост до 30 метри, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од […]

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ донираа пари за топол оброк за нивните врсници


Ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, донирале пари за да можат нивни врсници да си дозволат да имаат топол оброк додека се на училиште, беше објавено денеска на фан-страницата на хуманитарната организација „Проект среќа“. Оваа акција ја иницирала наставничката Катерина Лазев од одделенито 4-2, која вели дека учениците во ова одделение веќе се […]

На Законот за домување му се потребни измени


Потребата од унапредување на Законот за домување се наметнува од повеќегодишното искуство за пречките во неговата имплементација на терен што зависи од повеќе услови. Правото на домување е дел од соодветен животен стандард и е застапен во Универзалната декларација за човекови права, а ние како Министерство имаме задача да поставиме услови за квалитетно домување на […]

Нуредини: Заштитните зони околу објектите за јавно снабдување мора да бидат јасно правно регулирани


 Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министертвото за здравство, Рената Младеновска со која разговараше за предизвиците што и престојат на нашата држава во постапката за определување на заштитни зони околу објектите за јавно водоснабдување. Како што соопшти МЖСПП, посебен акцент министерот […]

Изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители одложен, пристигнала уште една пријава по пошта


Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради пристигната уште пријава по пошта од уште еден кандидат, и потреба да биде разгледана од Комисијата за избор. Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан. Пристигнатата пријава по пошта […]