Ковачевски: Судот да ги објасни одлуките за „Таргет-Тврдина“


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека правосудниот систем во една транспаретна постапка треба да им ги објасни на граѓаните одлуките што ги носи и дополнително да работи на зголемување на довербата. Ковачевски ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуките на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“ и реакцииите во јавноста. -На правосудниот систем […]

ЦУК: Опасна дупка на кејот на Вардар во скопски Аеродром


Центарот за управување со кризи бара од градот Скопје и општината Аеродром, итно да постават соодветна заштитна ограда на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот зад хотел Русија во насока на мостот Близнак, каде има провалија, а со тоа и е загрозена безбедноста на граѓаните. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денеска соопшти дека […]

Бочварски: Нова градежна компанија ќе ја реконструира делницата Катланово – Петровец


 Нова градежна компанија е избрана за рехабилитација на делницата Катланово-Петровец, која е дел од автопатот Велес-Скопје. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска присуствуваше на отпочнување на градежните работи на новиот далекувод Велес-Овче Поле, истакна дека изборот на нова фирма доаѓа откако претходната компанија, која требала да ги стратува градежните работи на терен […]

Двајца советници од Поинаку со потрошени 0 денари го „стросаја“ Офицерски во Битола


Новогодишното украсување по градовите во Македонија стана луксуз и исчекување. На две недели пред Нова година, едвај по некој град може да се пофали дека е украсен – новогодишно.  Скопје, дури пред некој ден почна да добива куќички за базар, елка – ќе почекаме. Се радуваме на креативните излози од продавниците, трговските и кафулињата. План […]

Етиката во религиите мора да остане како дел од образовниот систем


Предметот Етика во религиите мора да остане како дел од образовниот систем, е заклучокот од панел-дискусија на тема „Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија“, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, а во блиска соработка со Асоцијацијата на професорите по наставниот предмет Етика во религиите. Проектот инициран од Фондацијата Конрад […]

Еден милион евра не се проблем за Скопје за решавање на случајот со приватните превозници, смета Пенов


Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. – […]

Утрото со температури над нулата, дневната ќе стаса до 13 степени


Изутринава температурите во земјава се движеа од нула степени на Попова Шапка, два во Куманово, три во Битола, Берово, Маврови Анови и Лазарополе, пет во Прилеп и Крушево, шест во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Охрид, Претор и Крива Паланка, осум во Струмица, девет во Гевгелија и Демир Капија и 10 Дојран. Најмногу дожд во […]

(Видео) Поради зголемено ниво на Радика, урнат мостот што води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште


Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста беше намалена […]

Пенов : Општините не ги користат ингеренциите што им ги дава Законот


Податоците укажуваат дека оваа година сите општини имаат зголемен трошоците и долгови во споредба со лани, вели министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за МИА, посочувајќи дека земјава е пониско децентрализирана од европските стандарди, при што имаме неискористеност и на овие ингеренции коишто законот им ги дава на општините. Во однос на спорот […]

Брегалница во долниот тек изобилува со бактерии од фекално потекло


Реката Брегалница во долниот тек е загадена, а нејзината вода е од класа четири, покажаа мерењата на лабораторијата „Амбикон” и на Здружението „Медиа плус”. Според добиените резултати, оваа река во делот на штипскиот регион е на ниво на канализациска мрежа, бидејќи водата е богата со бактерии од фекално потекло. Весна Коловска од Здружението „Медиа плус” […]

Претежно облачно и ветровито, температурата до 13 степени


 Времето во државата денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура […]

(Видео) Ковачевски вечерва пееше за Европа, еве како звучеше хитот „Инсиеме“ („Заедно“)


Трибината на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа вечерва во Скопје, финишираше со познатиот евровизиски хит на Тото Кутуњо „Инсиеме“ („Заедно“), кој беше преработен и отпеан од повеќемина македонски музичари. На бината во салата „Борист Трајковски“, вечерва на музичарите им се придружија и премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски, како и поќемина […]

Сценско-музичкиот спектакл „И тетовските глумци поа“ ја наполни салата во тетовскиот Центар за култура


  Тетовските актери од драмското студио покажаа дека знаат да „поа“ (пејат) исполнувајќи десетина нумери познати како филмска музика, а полната сала е доказ дека ова осмо по ред издание на манифестација ги исполнува сите услови за престижен културен настан. Со поддршка на музичката група Дрим Тим тетовските актери испеаја повеќе песни меѓу кои и […]

Награда од Општина Битола за 19 талентирани ученици


По повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, додели награди на 19 талентирани ученици кои освоиле најмногу бодови на јавниот повик, кој општината го објави во февруари, годинава. Пријавите кои пристигнаа со освоени високи места на битолските ученици на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, потврдија, дека […]

Од понеделник стабилизирање на времето со повеќе сончеви периоди и постудени утра


  Времето во државата утре прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. […]

Дамева: Судскиот совет ќе го испита случајот „Таргет – тврдина“, согласно надлежностите


  Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во врска со пресудата на Апелациот суд Скопје за предметот „Таргет – Тврдина“ во писмена изјава до медиумите наведува дека во понеделник во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија, а Судскиот совет ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и за констатираната фактичка состојба […]

Невреме во Прилеп, град со големина на орев, дворовите побелеа


Силно невреме денеска зафати делови од Прилеп, проследено со ветар, пороен дожд и град. Како што јавуваат локалните жители, во делови од регионот, градот беше со големина орев. За сега нема информации за предизвикани материјални штети, но фотографиите што се споделуваат покажуваат побелени дворови од паднатиот град. Невреме имаше и во Битола. И во Скопје […]

Одбележани 101 година од раѓањето на Блаже Конески во Небрегово


  По повод 101 година од раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески, делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, претставници од прилепскиот „Завод и Музеј и ученици од основните училишта од градот, ја посетија родната куќа на Конески во селото Небрегово. Аманетот на Блаже Конески не задолжува да го чуваме и да го негуваме  македонскиот […]

Петровска и Дир на предновогодишен хуманитарен хепенинг за украинските дечиња


  Театарска претстава со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња во духот на празничниот период. Така изгледаше хуманитарниот хепенинг кој денеска го организираше Министерството за одбрана во соработка со амбасадата на Украина во Северна Македонија во „Скопје сити мол“. На хуманитарниот хепенинг присуствуваше министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина, Лариса Дир. „Тука се […]

Променливо облачно со локални врнежи од дожд , попладне сончеви периоди


  Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, на места со појава на грмежи. Попладне ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ветерот ќе се промени во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до […]