Предлог законот за заштита на Кањонот Матка усвоен од Владата


Владата на рна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот законот за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата.

Со конечното усвојување, по долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство.

Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем.