Партијата за економски промени се прекрсти во Десница


Претседателката на партијата, Билјана Јовановска

 

Партија за економски промени 21 заклучила дека по десет години постоење ѝ е потребна промена па се преименува во Десница за да го нагласи нејзиниот самостоен пат. Според изјавата на претседателката на партијата, Билјана Јовановска, членството почувствувало потреба и да се промени начинот на дејствување на партијата во интерес на граѓаните и Македонија

Десница се залага за влез во ЕУ со целосно зачуван интегритет, идентитет, историја и јазик. Приклучувањето на Македонија во Европското семејство  не смее и не треба да биде  по цена на нејзино разнебитување, уценување и понижување, како од надвор така и од внатре од ниту еден политички субјект или институција.