Доколку се употребува во наставата ќе нанесе непроценлива штета, велат историчарите за учебникот по историја за V одделение


Како професионални историчари и членови на Здружението на историчарите на Република Македонија реагираме по повод објавувањето на учебникот по предметот Историја и општество за V одделение во кој се направени редица пропусти, и во содржинска и во концепциска смисла, и се наведени повеќе погрешни информации, соопштија од Здружението на историчари на Македонија после грешките и […]

Ковачевски: Владата ќе ги покрие долговите за струја на институции, пред сè на здравствените


Долговите за неплатена струја на институциите кои се од витално значење ќе ги покрие Владата, согласно прераспределбата поднесена и одобрена во Собранието. Ова пред сè, се однесува на здравствените институции но и други институции кои се од важно значење за државата, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски. Целта е, додаде, да се обезбеди непречено функционирање на […]

Алити: Формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена


Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период. Меѓутоа, како што истакна тој на денешната прес – конференција во Влада формирањето на ваква Агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана […]

ССК за измените кај данокот на добивка: Наместо правично оданочување, сериозен удар врз малите и микро фирми


  Предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Со укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање […]

Архитектот Зорица Блажевска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“


 Архитектот Зорица Блажевска, професор при Архитектонскиот Факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2022 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Творештвото на архитект Блажевска […]

Нуредини уште го чека извештајот од Финансиска полиција за А-интегрираната дозвола за „Дрисла“


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со издавањето на А-интегрирана дозвола за депонијата „Дрисла“ без да биде извршен увид, рече дека сè уште го немаат добиено извештајот од Финансиска полиција, но дека ќе вршат внатрешна ревизија за постапката и ќе постапуваат согласно […]

Апелација се правда, пресудата за „Таргет -Тврдина“ била нејасна и неразбирлива


  Советот на Апелацискиот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на […]

Исти недостатоци во работата на Судските совети и судовите


Сите јавни седници на Совет на јавни обвинители и Судски совет и речиси 900 рочишта на главна расправа во 12 основни судови низ државава како и работата на два апелациони суда во поглед на постапувањето по жалбите се дел од 19. годишен циклус на мониторинг на судски постапки кој го спроведува Коалицијата Сите за правично […]

Фотоволтаични панели поставени на детската градинка во општина Илинден


Во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија, се реализираше завршен настан за промоција за поставениот прототип од фотоволтаични и термални панели кој се постави на кровот на детската градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Промоцијата се одржа денеска, при што градоначалникот Александар Георгиевски заедно со […]

УХМР: Следува период со пониски утрински температури


Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре и во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст. 

Спасовски: Секој човек е роден слободен и еднаков во поглед на достоинството и правата


Секој човек е роден слободен и еднаков во поглед на достоинството и правата. Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по повод 21 декември, Денот на настава на турски јазик, во своето обраќање на регионалната конференција „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“, во организација на Комисијата за спречување и заштита […]

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на […]

Судскиот совет денеска на итна седница ќе расправа за случајот „Таргет – тврдина“


Судскиот совет на Република Северна Македонија денска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“, како и по други премети од интерес за јавноста кои се на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во […]

Регионална конференција по повод 21 Декември, празник на Турците во Северна Македонија


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ денеска со почеток во 11 часот во Скопје ќе одржи Регионална конференција на тема „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“ по повод 21 Декември, празник на Турците во Република Северна Македонија. На конференцијата воведни излагања ќе имаат Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за […]

Премиерот Ковачевски и министерот Бочварски во Пробиштип


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе присуствуваат на доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип преку Програмата за ранливите категории на граѓани. Како што соопштија од владината прес- служба, премиерот Ковачевски и министерот Бочварски, предвидена е потоа да ја посетат и компанијата „ТАБ МАК“, каде […]

„Да го славиме животот“ – во Скопје се одржа првиот Розов базар за подигање на свеста за ракот на дојка


Здружението ЕЗРА, денеска во Скопје го организираше првиот ПИНК БАЗАР под мотото „Да го славиме животот“. Настанот беше организиран како интерактивна платформа која им овозможи на посетителите да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките, совети од докторите за симптимите и дијагностиката, но воедно понуди […]

Намалена видливост поради магла на патот Маврово – Маврови Анови и на превоите Стража, Ѓавато и Плетвар


Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 15метри има на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, од 50 – 100 метри на планинските превои Стража и Ѓавато и од 20 – 30 метри на планинскиот превој Плетвар. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот […]

Нуредини на средба со високи меѓународни претставници за еколошките предизвици


Во рамки на CBD#COP15, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари низа билатерални средби со високи претставници на меѓународните организации UNECE, IUCN и UNEP на кои се зборуваше за тековните заеднички активности и за можните области за продолжување и проширување на поддршката што истите ја пружаат на нашата држава во областа животна […]

Општина Аеродром реагира на Ангелов: Ова не е Твитер и кршење ќерамиди, Град Скопје е надлежен


Измешани термини, поими и надлежности. Ова е единствениот впечаток од денешната прес конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој наместо да ја врши работата што согласно законот треба да ја извршува оваа институција, тој во јавноста пласира невистини и неточни информации и ја префрла одговорноста. Доколку Ангелов ги познаваше законите […]