Еврејската заедница го прославува празникот Ханука


  Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков“ ќе го прославува празникот на светлината „Ханука“. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски. „Ханука“ се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. […]

Студенo утрo со магла и облачност


  Времето денеска наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус шест до три, а максималните ќе достигнат од […]

Шаќири: Ако 30 отсто се грешките во учебникот по Историја и општество за петто одделение, МОН ќе заземе став


 Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири најавува дека до второто полугодие ќе има решение за учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој се констатирани низа грешки и нелогичности. – До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе […]

Формиран оперативен тим за справување со хибридни закани


На третата седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница: Формиран оперативен тим за справување со хибридни закани, напиша вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил. На седницата било констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и дека не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните.  – Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна […]

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол


Таткото кој бил спречен да го придружува своето дете во Универзитетската клиника за детски болести бил дискриминиран од болницата врз основа на пол, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, јавува А1Он. КСЗД утврди директна продолжена дискриминација врз основа на пол во областа на здравствената заштита, извршена од страна на Јавната здравствена установа Универзитетска […]

Лажни сите пријави за бомби во училишта во Скопје


Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира Министерството за внатрешни работи. Веднаш по добиените пријави, појаснуваат од МВР, од […]

Почна постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк


Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН). Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците […]

Ќе се формира оперативен тим за справување со хибридни закани


Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава. На состанокот е донесена одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани. -Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација […]

Посебен режим на сообраќајот утре и задутре во Скопје 


Во посета на Република Северна Македонија утре ќе пристигне делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција. Поради тоа, СВР Скопје утре и задутре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите […]

Дојава за бомби имало во 15 училишта во Скопје, и средни и основни, дел се лажни


На електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни) попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Веднаш по добиените пријави до СВР Скопје, од полициски службеници се […]

Спасовски, Битиќи и Петровска се министри со највисок рејтинг во владата на СДСМ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска се министрите со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, односно граѓаните сметаат дека тие најдобро ја вршат својата работа. Линк до целиот текст тука

Скопје доби елка на плоштад, a атмосферата изостана


Украсувањето на центарот на Скопје и натаму една од главните теми меѓу жителите на главниот град, а воо меѓувреме, викендов на плоштадот „Македонија“ беше поставена голема елка, мини забавен парк и куќарки во кои ќе се продаваат традиционалните новогодишни производи. -Да елка има, мини паркот очигледно работи откако ќе се стемни, а куќарките не се […]

Повторно дојави за поставени бомби во училишта


Во средното училиште „Владо Тасевски“, попладнево има дојава за поставени бомби. Учениците и вработените се евакуираат. Како што коментираат вработени во училиштето, досега се покажало дека дојавите за бомби се секогаш за истите, односно кога овие ученици се прва смена, дојавите се наутро, а кога се втора смена, дојавите се попладне.  Заканите со поставени бомби […]

Потпишани договори за развој на 12 социјалните услуги во 17 општини


Во рамки на Вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги од Министерството за труд и социјална политика денеска беа потпишани договори со претставници на даватели на услуги на општините. Како што информираше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната прес-конференција од првиот јавен повик беа лиценцирани 22 услуги во […]

МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин во Софија


Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот. Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во […]

Судски совет испраќа „контролори“ во Апелација


  По огромниот притисок од јавноста околу укинувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ Судскиот совет на денешната итна седница одлучи да испрати работна група во Апелацискиот суд во Скопје која ќе проверува дали има процесна повреда во одлучувањето за одредени предмети, дали имало одолговлекување, дали одлучувале судии кои не смееле бидејќи биле пензионирани. Во состав […]

МОН започна јавна дебата за изработка на нов Закон за средно образование


Потребата за донесување ново законско решение за средното образование во земјава првично треба да го побараме во тоа што постојниот закон се спроведува повеќе од 27 години, а во меѓувреме средното образование стана задолжително, беа донесени нови наставни планови и програми и истите постојано се ажурираат и дополнуваат. Имаме многу нови права и можности за […]

По три месеци закани со поставени бомби, денеска ќе се одржи Координативен состанок на безбедносните служби


По три месеци откако почнаа заканите со дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Кавадарци, Битола, Крива паланка, институцвии, трговски центар, ЈСП, Транспортен центар и друго, денеска ќе се одржи Координативен состанок на безбедносните служби. – Нормална процедура се апелите кои ги испраќаат сите амбасади за нивните граѓани. Така прави и нашето Министерство за […]

Граѓаните на Скопје незадоволни и од Данела Арсовска и од Градскиот совет


  Во последната анкета на ИРИ во која се истражувани и состојбите во Скопје, испитаниците во 57 отсто се „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на градоначалничката Данела Арсовска, а сличен е процентот и за работата Советот на Град Скопје – 54 проценти. Но графата за позитивни оценки е поголема за Арсовска отколку за […]

Повеќе луѓе веруваат во Никола Груевски отколку во Христијан Мицкоски во анкетата на ИРИ


  Во анкетата на ИРИ од октомври оваа година изненадувачки на врвот на листата на луѓето на кои се гледа најповолно се најде бегалецот од Будимпешта, Никола Груевски. На прашањето „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, која е личноста во Северна Македонија на која гледате најповолно?“ 8 отсто одговориле дека тоа е Никола Груевски. […]