Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Денеска, првпат по почетокот на второто полугодија повторно има дојава за поставени бомби во скопските училишта. 

Евакуирани се гимназијата „Орце Николов“, како и „Владо Тасевски“, според ученици и вработeни во овие училишта. 

Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените и ги проверува објектите за евентуално подметнат експлозив. 

Како што соопшти полицијата, денеска, околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.