Шаќири и студентите денеска дискутираат за надградување на законот за субвенциониран студентски оброк


Мерката субвенциониран студентски оброк не само што ќе биде достапна и во иднина, туку во меѓувреме законското решение ќе го унапредиме согласно потребите и барањата на оние за кои се однесува. Дадовме ветување и токму денеска на средба со студентите презентираме предлог измени кои ги подготвивме и јас очекувам од нив, да дадат дополнителни сугестии […]

Асфалтирана „Адвокатската уличка“


Општина Центар заврши со реконструкцијата на „Улица 2“, „Станбена 3“ и „Пешачка улица 102а“, кои заедно ја сочинуваат таканаречената „Адвокатска улица“. Стариот и дотраен асфалт на коловозот се заменува со нов, висококвалитетен, на вкупна површина од 1270 метри квадратни. Изведени се нови рабници од двете страни на тротоарите, поставен е долен строј на улицата и […]

Најмногу претставки на граѓаните за судиите и извршителите


 Народниот правобранител Насер Зибери лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството. Зибери, коментирајќи ја анкетата на ИРИ за падот на довербата на граѓаните во правосудството, на денешната прес-конференција, појасни дека тука пред се мисли на републичкиот Судски совет […]

Општина Желино доби нов училишен објект, МОН инвестираше 4,5 милиони денари


Учениците од подрачното основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ во с. Долна Лешница, општина Желино, од денеска посетуваат настава во нов, модерен училишен објект кој беше дел од инвестицискиот план на Министерството за образование и наука, за што се одвоија околу 4,5 милиони денари. – Со оваа инвестиција, уште еднаш докажавме дека МОН се грижи за сите […]

Г.г. Стефан забрани погpeби на Свети Никола, Божик, Велигден и саботните задушници


  Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува А1он. Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба […]

Стабилно време до недела, за викендот потопло


И во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, каде и дневните температури ќе се задржат пониски, соопшти УХМР. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 17 степени За време на викендот температурите ќе бидат во пораст […]

Батерии од морска сол можна корисна замена за литиумот


Батериите од морска сол, според научните сознанија, имаат четири пати поголем капацитет од литиумот, објави „Јуроњуз“ (Euronews). Истражувачите веќе развија батерија направена од натриум-сулфур. Тоа е хемиско соединение што се добива од морска вода. Таквата батерија не само што е поевтина, туку е и поеколошка од постојните литиум-јонски батерии. Одговорниот истражувач Шенглонг Жао од австралиискиот Универзитет […]

Новогодишен базар ,,Патека на радоста 2023” во општина Илинден


Општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании подготвија интересни содржини за жителите, каде од денеска до 30 декември во комплексот на Спортско рекреативниот ценар во Марино, под мотото ,,Патека на радоста” ќе се одржи Новогодишен базар. Базарот кој за прв пат се одржува во општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании, покрај интересни […]

Донирајте ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани за кучињата – ќе има и Новогодишен базар


Од ЈП „Лајка“ испратија апел преку социјалните мрежи дека им се потребни ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани, черги, чаршафи, пешкири… – Доколку во вашите домаќинства имате некои од овие горенаведени работи, а се застарени и неупотребливи, не ги фрлајте, ДОНИРАЈТЕ ГИ во ЈП Лајка, бидејќи се повеќе од потребни за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман, […]

НАТО студентска симулација: Бидете гласни за вредностите и се тоа што НАТО го штити


Почитувани идни мои колеги, демократските вредности и слободи се толку втемелени во нашето секојдневие, но тие се кревки и затоа треба повторно и повторно да укажуваме дека борбата за демократија, слободна еднаквост никогаш не запира, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на студентите кои беа дел од денешната „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по […]

Маск се огласи по анкетата да си замине, не е тоа што очекувавме


Милијардерот и сопственик на Твитер, Елон Маск, се сложи дека во иднина само корисниците со сина ознака треба да гласаат за политиката која ја води компанијата. Понатаму не коментираше ништи, откако заврши анкетата во која твитер корисниците гласаа да си оди од позицијата извршен директор на комапнијата, но Маск сега се огласи. Иако не го […]

Поради дефект без вода корисиците на Ченто


Поради уличен дефект ф-80 мм на улица „Кожув“ 18, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Кожув“, „Сава Михајлов“, „Тодор Чапов“, „Тодор Ецов“ и „Томас Минцер“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Меморандум за соработка меѓу Народна банка и Сојузот на математичари на Македонија


Народната банка на Република Северна Македонија и Сојузот на математичари на Македонија склучија Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Македонската економска олимпијада којашто се организира првпат. Македонската економска олимпијада ќе се одржи во мај 2023 година, по што најуспешните ученици ќе се натпреваруваат на финалето на Меѓународната економска олимпијада, на […]

Петровска: Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата


Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата и тоа е она што граѓаните треба да го знаат. Не оставаме ништо на случајност и службите, секоја во своја надлежност преземаат дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Во одговор на новинарско прашање на денешната деветта НАТО студентска симулација, […]

Финците, Унгарците, Турците се жолта раса: Во учебниците од кои учат нашите деца препишани текстови од Википедија


Нема крај на грешките во учебниците. Ако петтоодделенците учат дека Монт Еверест е висок 29.000 метри, а Македонија на запад граничи со Бугарија, осмоодделенците учат дека Финците, Унгарците и Турците се жолта раса, пишува Фактор.мк. Откако до редакцијата на Фактор стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, порталот разговараше со наставничка по географија, […]

Какво ќе биде времето до и за Нова година?


На 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег. За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува […]

Најстудено во Паланка минус 5, а најтопло во Гевгелија плус 5 степени


Најстудено утрово е во Крива Паланка со -5 и во Маврово со -4 степени. Минусни температури има и во Берово, Демир Капија и Куманово, во Скопје е нула, а најтопло е во Гевгелика со 5 степени. Во текот на ноќта имаше променлива облачност и дуваше слаб променлив ветер. Утринава во источните делови е сончево, а […]

Презентација на најдобрите студентски проектни решенија за проектот „Обезност“ на УКИМ


  Во Ректоратот на УКИМ денеска ќе се одржи завршен настан на проектот „Обезност”, на кој ќе бидат презентирани седум селектирани најдобри студентски проектни решенија и ќе бидат доделени три награди за првите три најдобри проектни решенија. -Последните децении, обезноста добива загрижувачки размери и карактер на пандемија во светски рамки. Младите во Република Северна Македонија […]

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје


  Во Скопје денеска и утре СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради посетата на Република Северна Македонија на делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција. Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Седница на Уставен суд


Осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на денешната 41. седница на Уставниот суд. На дневен ред е иницијативата поднесена на член 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Според наводите во иницијативата оспорениот […]