Утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 06.02.2023 (понеделник) во официјалана посета на Република Северна Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. г – ѓа Каталин Новак.

Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.