Променливо облачно и натпросечно топло


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. […]

Граѓаните немаат доверба во правосудниот систем – 75 отсто сметаат дека законите не важат за сите


Две третини од граѓаните не веруваат дека во земјава може да се добие фер и правично судење, а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за „Детектор“ ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека во […]

Продолжуваат градежните активности на патот од Велес кон езерото „Младост“


На регионалниот пат Велес – езеро „Младост“ првиот километар од оваа делница на која се работеше изминатите денови веќе се подготвува за асфалтирање. Продолжуваат и градежните зафати за реконструкција на уште еден километар во продолжение. Реконструкцијата на патот ќе продолжи се’ до предвиденото над Ресторанoт „Бела вода” кај велешкото езеро „Младост“, информираат од Општина Велес. Патот освен […]

Сајбер нападите изминатава година се поврзани со војната во Украина, Македонија не е единствена цел


Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за сајбер нападите со кои се соочуваме изминатиот период. На прашањето дали постои взаемна поврзаност меѓу сајбер нападите, дојавите за бомби, како и нивна евентуална поврзаност со војната во Украина, премиерот одговори: „Апсолутно се поврзани со […]

Вработените во болницата „8 Септември“ утре излегуваат на протест


Вработените во здравствената установа ГОБ „8 Септември“ утре ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата. Од болницата најавија дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пазуза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа. Ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест […]

Бубевски: Застарувањето на делото за Даравелски е готова работа, останува само конфискацијата


Застареноста на делото за Даравелски е веќе завршена работа, но конфискација на имотот не зависи од застарувањето, вели во неделното интервју основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски. Според него реална е опасноста поранешниот шеф на УБК Мијалков да се спаси од казната во „Титаник 2“, но се надева дека нема да застарат предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“ […]

Ковачевски : Проблемот со Фондот за здравство ќе биде надминат, има пари и за плати


Проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него деноноќно работат домашни и експерти од земјите – членки на НАТО, нагласува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА дадено по завршувањето на Минхенската безбедносна конференција.  Личните податоци на граѓаните, како што истакнува, се заштитени и апелира на смиреност, а се […]

Ковачевски – Сорос: Продолжуваме со поддршка на слободоумното граѓанство, вредностите на демократијата и отвореното општество


Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ денеска се сретна со Џорџ и Александар Сорос. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше истакнато дека Владата во Северна Македонија ги промовира и практикува вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, истите вредности за кои се залага и […]

Утре зголемување на облачноста и умерен до засилен ветер


Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, информира УХМР и за утре најавува преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и со благ пад на дневните температури. Поголемо наоблачување, како што информира, се […]

Новата ЕУ регулатива ги вклучува и онлајн медиумите, држвата да се рекламира само под строг независен надзор


Некои од главните причини за донесување на нова ЕУ регулатива за слобода на медиумите се нивна заштита од различните форми на влијание врз уредувачка политика, промените во обрасците на информирање на публиката и падот на приходите во медиумскиот сектор поради конкуренцијата од социјалните мрежи и другите актери во дигиталното опкружување, вели во интервју за Рацин.мк […]

Висок претставник на Вселенската патријаршија во посета на Бигорски манастир


Во посета на Свештена бигорска обител вчера допатува високопреосвештениот митрополит на Имврос и Тенес г. Кирил, висок претставник на Вселенската патријаршија.   – Владиката Кирил го посети Бигорскиот манастир како голем пријател на нашата Црква и претставник на Неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, носејќи ги неговите поздрави и благослови за именденот на […]

Дел од Карпош утре без струја


РЦУК Скопје информира дека во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе биде дел од општина Карпош. Од 11.00 до 12.00 часот струја нема да имаат корисниците од улиците „Лондонска“ и „Варшавска“ лоцирани во околината на објектот на БЕГ – топлификација.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата […]

Науката знае каде може да се случи земјотрес, но не може да предвиди кога: Интервју со Влатко Шешов


Науката нема интерес да предвидува, иако однапред знае каде каде може да се случат земјотреси, бидејќи постојано со инструменти ги следи движењето на земјината кора, но е многу несериозно, неодговорно, непринципиелно и не е базирано на факти да се каже дека може да се знае кога ќе се случи потрес, вели директорот на Институтот за земјотресно […]

Утрово најстудено во Скопје – Петровец и Берово


Утрово е најстудено во Скопје – Петровец и Берово, -3 степени, а максимални пет степени се измерени во Крушево. Според УХМР, -2 е во Битола, Демир Капија, Струмица и Лазарополе, 0 степени е во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Штип и Гевгелија, 1 во Крива Паланка, Претор, Прилеп и Дебар, 2 во Охрид и Дојран, […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 19 февруари 2023 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 315 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 11 минути. Денов трае 10 часа и 46 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Марковски: Интересот на младите за градежништвото е мал, ќе се соочиме со сериозен недостиг на кадар


Ниту една држава не може да функционира без домашни градежни инженери. Интересот на младите за изучување на градежништвото е толку мал што градежништвото почнува да станува неодржливо. Ако ваквата стихија при запишувањето во високото образование продолжи, во не толку далечна иднина, ќе се соочиме со сериозен недостаток од инженерски кадар, а следствено на тоа и со […]

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи


По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на туристичките водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола. Во Скопје појдовна точка е Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското кале. – Термините за разглед во Скопје ќе бидат со почеток во 12, 13 […]

Сончево и топло до 20 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје сончево и топло со мала облачност и […]

Иницијатива „Тетово сака парк“: Кејот на Пена да се израмни и да има тревник со дрвја


Иницијативата „Тетово сака парк“ со нова идеја до локалната власта како да се подобри животната средина во градот, а притоа да биде уреден и дел од јавниот простор. Според нив, таква можност има за дел од кејот на реката Пена. -Секој потенцијал за унапредување на животната средина и уреденост на јавниот простор треба да биде […]