ЦУК со вонредно предупредување: Обилни врнежи во кочанско, можни се излевања


Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата РЦУК Кочани за обилни врнежи во Кочанскиот регион, а со тоа и за зголемен прелив на браната од акумулацијата „Гратче“ и за зголемен водостој на реките Кочанска и Оризарска. „РЦУК Кочани добиено е известување од Водостопанство Брегалница Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот Пониква и општините Kочани, […]

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста на измените и дополнувањата на Правилникот за распределба на авторските надоместоци


Уставниот суд денеска соопшти дека на вчерашната седница биле разгледани пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, од кои четири се отфрлени, а за една ќе биде поведена постапка. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци поднесена од […]

Родителите на починатата Јана ќе се селат од државата, тука нема правда


БИТОЛА – Ќе се селиме од државата, тука нема правда, династии од лекари, судии и обвинители ни ја водат државата, велат родителите на шест годишната Јана Христовска која пред три месеци почина во битолската болница по примена инфузија. Вечерва во Битола пред седиштето на Битолското обвинителство се одржа протест за малата Јана на кој за […]

Треба политичките интереси да се стават настрана, порачува Гир


За да се променат нештата, треба политичките интереси да се стават настрана, а фокусот да биде на националните интереси, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на форумот „ЕУРОПЕУМ 2023 – 20 години од Самитот во Солум: патот пред нас“. – Во тој контекст прашањето за уставни измени, што е суверена одлука на оваа земја, е важен […]

Дамјан Димовски и Леонид Петковски победници во натпреварите за дигитални вештини


Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје и Леонид Петковски од Куманово се годинашни победници во финалните натпревари за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, од проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите од 13 до 22 години, кој седма година по ред се одржува во организација на CertiAdria, со поддршка на […]

Започнува нов проект за јакнење на демократските капацитети на учениците


Со конференција на тема „Едукација за демократска култура – од политика до практика“ денеска започна имплементацијата на новиот проект „Квалитетно образование за сите“ чија цел е јакнење на демократските капацитети на учениците, а го имплементира Советот на Европа со финансиски средства обезбедени од германската влада.  Во своето воведно обраќање, министерот за образование и наука Јетон […]

Утре и задутре прскање против комарци во Скопје – заштитете ги пчелите


 Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се реализира третата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, соопштуваат од Град Скопје. […]

Македонските студенти се неинформирани каде и како да пријават корупција на факултетите


Корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите сметаат 20 проценти од анкетирани македонски студенти. На еден од десет студенти во земјава, опфатени во анкета, професор му побарал мито, а шест отсто понудиле мито за повисока оценка. Над 90 отсто студенти испитаници не знаат како треба да реагираат и каде да пријават коруптивно однесување на […]

Д-р Марјан Шокаровски нов директор на државната Кардиохирургија


Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство. Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – […]

Град Скопје стипендира средношколци – спортисти


Град Скопје, денеска објави јавен повик со кој го поддржува развојот и унапредувањето на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци жители на Скопје, кои учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје, со цел да се зголеми нивната мотивација, како и да се делува на зголемување на бројот на ученици […]

СВР Тетово со aпел да не се пука по свадби, казните се од 100 до 250 евра


Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Апелот следува со оглед дека во текот на овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и […]

Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на веб страниците на судовите


Министерството за правда ја разгледа Иницијативата за измена на членот 9 од Законот за управување со движење на предметите што ја поднесе Судско – медиумскиот совет. На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со претставниците на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов, Емилија Шопар и Саније Дураку, договорено е измените да бидат вметнати во Стратегијата […]

Со ЕУ и Грција ќе ги зајакнуваме капацитетите за имплементација на европското законодавство од областа на индустриско загадување


Со твининг проект, со поддршка на Европската Унија и експерти од Грција, ќе се работи на зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство од областа на индустриското загадување. Ова беше истакнато денеска на одбележувањето на почетокот на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на индустриското […]

Стевчо Јакимовски: Односите со Кина не ни се на нивото од пред десет години


Општина Карпош и амбасадата на Народна Република Кина вчера организираа свечен настан по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу НР Кина и Република Македонија. На свеченоста покрај амбасадорот на Народна Република Кина Н.Е. Џанк Ѕоу и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски кои воедно беа и покровители на настанот, присуствуваа и претставници на […]

Шаќири: Ни еден наставник нема да остане без работа заради спојувањето предмети


Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место или пак ќе добие помала плата, поради интегрирањето на предмети во основното образование, кое го предвидува новата Концепција за основно образование што веќе трета година по ред е основа за крупни промени во базата на образовниот систем кои треба да овозможат покреативна настава и добро […]

Послаб земјотрес почувствуван во Беровско


Земјотрес со интензитет од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 9 часот и 53 минути со епицентар на 11 километри западно-северозападно од Берово. Потресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со […]

Струмичани користејќи велосипеди, ќе прозиведуваат струја, за да гледаат филм


За прв пат струмичании ќе може да гледаат филмски проекции кои ќе бидат прикажани благодарение на електричната енергија која што ќе ја произведуваат со еко-велосипеди. Како што најавија од „Go green“ ќе бидат прикажани два филма, а целта на овој настан е да се подигне јавната свест за еколошка и одржлива енергија. Ова значи дека […]

Општина Центар го реализираше проектот за рано изучување на францускиот јазик во предучилишна возраст


Децата од големите групи на градинката „13 Ноември“ од објектот Јасмин беа вклучени во едукативни работилници и настани кои ги организираше Општината во соработка со Францускиот институт во Скопје, по повод одбележување на Месецот на франкофонија. Проектот „Да ја запознаеме Франција“ имаше за цел да го разбуди интересот кон францускиот јазик и запознавање со француската […]

МАНУ ќе излезе со зборник со конкретни насоки што треба да направиме на патот кон ЕУ


Македонија е во предност во однос на макроекономската стабилност, бизнис климата, но и во  усвојување на информациско-комуникациските технологии, а најслаби сме во доменот на институциите, смета академик Таки Фити, кој се обрати пред почетокот на  научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“ во организација […]

НАкС: Гранковиот колективен договор за високо образование и наука единствено системско решение


Независниот академски синдикат (НАкС) заедно со Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), вчера одржаа прес-конференција на која ги образложија ефектите од првиот гранков Колективен договор за високо образование и наука, потпишан на 4 мај 2021 година и ги претставија плановите за потпишување на нов договор. По низата дезинформации кои се појавија во јавноста во […]