Локална иницијатива од Струмица бара повеќе одговори за рудниците


 

Иницијативата „И здравје и работа“ од Струмица не е заговорник за отворање рудници, не не сака ни манипулација. Тиое велат дека не се кријат зад ниту една партија, дека немаат политички амбиции и не се борат за локална власт. Само сакаат долгорочен економски развој на регионот.

Според нив, заради агресивноста на неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот, локалното население и општата македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации.

Од иницијативата поставуваат неколку прашања:

  • Кој има фирма која работи за потребите на еден рудник за експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 км од општините Босилово, Ново Село и Струмица?
  • Дали е точно дека ако се отвори Иловица-Штука претходно опишаниот рудник за експлоатација на бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?
  • Кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението?
  • Кому и од кого му е објаснето дека ако се изгради рудникот Иловица – Штука, југоисточниот регион на Македонија ќе биде под целосно економско, безбедносно и стратешко влијание на западот, посочувајќи дека на 75 км од Струмичката котлина се наоѓа воениот НАТО полигон Криволак?