Утре без вода делови од Скопје


Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека утре (вторник) поради затворање вода поради менување на вентил во АД „Просветно дело“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Даме Груев“ и дел од ул. „Кирил и Методиј“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со работните активности.