Штипските населби во високите зони над 24 часа немаат вода за пиење


Граѓаните во високите зони на Штип немаат вода веќе над 24 часа. Станува збор за населбите Пребег, Баби, Три Чешми, Карорман и индустрискиот дел на градот.

Според соопштението на ЈП „Исар“ – Штип, причината што населението од високите зони немаат вода за пиење е тестирање на системот за ултрафилтрација.

Граѓаните од населбите во високите зони во Штип со техничка вода се обезбедуваат преку цистерни.

Штипското комунално претпријатие „Исар“ на Фејсбук ги има известено граѓаните во кој термин и на која локација можат да наполнат шишиња и садови со вода.

За доцна попладнето најавена е и прес-конференција на директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков.