Гази Баба со инспекција ќе ги спасува аеродромци од непријатниот чад од Вардариште


Секојдневно над неформалната депонија Варадиште се издига црн чад, кој најчесто ги труе аеродромци. Социјалните мрежи се полни фотогафии, видеа и поплаки на неподносливата смрдеа што се шири од Вардариште, а неретко и мирис на изгорено, на пластика во пламен…
Вќера попладнето, градоначалникто на Општина Гази Баба (на чија територија се паѓа Вардариште) заедно со инспекција во придружба на полиција отиде на Вардариште, со цел да го сопре палењето кабли, поради кое и смрди од депонијата. 
 
– Попладнево заедно со вработените од Секторот за инспекциски работи во општина Гази Баба и преставници на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба започнавме со вонредни теренски еколошки патроли. Животот и здравјето на граѓаните немаат цена! Компромис со кршењето на Законот, ниту сум правел ниту ќе правам! Реакциите на граѓаните за загадување на амбиенталниот воздух како последица од недозволени дејствија на поединци се оправдани – напиша Бобан Стефковски на Фејсбук.
 
На истиот начин соопшти дека на утринскиот колегиум го задолжил Секторот за инспекциски работи почнувајќи од денес па во следниот период да спроведува теренски контроли секој ден во две смени.
 
– Испратив писмено барање до градот Скопје под чија директна надлежност е дивата депонија Вардариште за постапување на градските инспекциски служби во санкционирање на лицата кои вршат спалување на разни видови отпад. Градот Скопје потребно е итно да преземе чекори за конечно решавање на проблемот со депонијата Вардариште, а до тој момент неопходно е нејзино физичко затварање, преку затварање на сите пристапни патишта, 24 часовна контрола од МВР и инспекцијата на Град Скопје – вели Стефковски.
 
Соопшти дека утврдени се неколку критични точки на кои несовесните граѓани го вршат спалувањето и на истите ќе има редовна контрола. Општината во соработка со надлежни институции ќе го санкционира секој сторител на вакво или слично дело со кое го загрозува животот и здравјето на граѓаните – вели Стефковски.
 
Законот предвидува глоби кои ќе се движат од 150 евра за оние кои ќе фрлат ѓубре кадешто не му е местото, односно од 200 евра ако отпадот го запалат.