Претпладне сончево, попладне со дожд и грмежи


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава […]

Нови ракетни напади врз Украина, Зеленски незадоволен од одржувањето на засолнаштата


Русија, во текот на изминатата ноќ, истрела нова салва од проектили врз украинските градови, соопштија украинските власти. Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, на каналот Телеграм објави дека „неколку куќи се целосно уништени“.  „По експлозијата имаше огромен кратер. Има жртви“, напиша Филатов. Шефот на воената управа на Киев, Сергиј Попко, изјави дека противвоздушната одбрана уништила „повеќе […]

Демир Капија една од трите општини избрана за изработка на план за енергија и клима


Општина Демир Капија е една од трите општини од земјава, кои годинава се избрани на јавниот повик за општини за изработка на локален план за енергија и клима, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. – Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, кој е финансиран […]

Ќе се гради ски-центар на Царев Врв на Осоговските Планини


Ски-центар на Царев Врв на Осоговските Планини треба да се изгради во следниот период, откако денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на општина Кочани, Љупчо Папазов, на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, на општина Кратово, Тодорче Николовски, како и Центарот за развој […]

УХМР со предупредување: Интензивен пороен дожд, силен ветер и град


УХМР предупредува за нестабилно време со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Денес во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Под влијание на нестабилна и […]

„Лајка“ за десет дена залови 30 бездомни кучиња во Гази Баба; следната недела заловува во Центар


ЈП „Лајка“ од 12 јуни почна со стратешкото заловување на територијата на општина Гази Баба, иако со посебен интензитет во оваа општина се заловуваше и претходно. – Во овој период заловувачкиот тим на ЈП Лајка активно во текот на цело работно време беше присутен на територијата на општината и го залови секое бездомно куче на […]

По 15 години се ажурира позитивната листа на лекови


Денеска во Владата на Република Северна Македонија, на иницијатива на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се одржа состанок на кој присуствуваа Министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева, советничката за здравство на премиерот, професор д-р Ана Данева-Маркова, претставници на Фондот за здравствено осигурување и […]

Активистот Суад Мисини се обрати пред Работната група за надзор над спроведувањето на Законот за матична евиденција


Претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, денеска, во Собранието на Република Северна Македонија одржа состанок со Работната група која е задолжена за надзор над спроведувањето на Законот за матична евиденција. На состанокот, како што соопшти собраниската прес-служба, се обрати активистот Суад Мисини, кој во текот започна штрајк со жед, […]

Невладините организации нема да номинираат членови во Комисијата за спроведување избори за членови на Судскиот совет


 Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи во правосудството денеска соопштија дека нема да номинираат член и негов заменик во Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот совет од редот на судиите по основ на распишаниот јавен повик. -Во изминатиот период, Блупринт групата и Платформата, побараа оставки […]

Внукот на Ахмети не е избрано именувано лице за Антикорупциска да постапува за купувањето на „Соравија“


Внукот на Али Ахмети не е избрано именувано лице и директно ние немаме надлежност да постапуваме за него, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска. Сепак како што рече, веќе четири години кажуваме дека е потребен Закон за потекло на имот, каде што секој граѓанин ќе се изјасни од каде му […]

ДКСК укажала за Мерко пред 4,5 години, а надлежните чекаат САД да им каже


Во извештајот на ЕК за напредокот на земјата беше наведено дека треба да се продолжи со заложбите институциите да функционираат подобро, како и да се почитуваат препораките на независните институции, но и да се зголеми поддршката ан институциите кои треба да ги зголемат активностите на националните стратегии. Да се зголеми бројот на конечни пресуди за […]

Заштитеното подрачје Малешево не е само парче земја, туку срцевина на природна разновидност


Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со управувачот на Заштитен предел Малешево – Јавно претпријатие „Национални шуми“, на 22.06.2023 година во Берово и Пехчево одржаа јавни расправи по Нацрт-планот за управување со заштитениот предел „Малешево“ за периодот 2023-2032 година и Нацрт-извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт планот за управување […]

Мостот кај селото Уланци со напукнати столбови од наноси од дрва и гранки


Секој мост е исклучително важен и треба да се одржува редовно особено при поројни поплави кога притисокот врз столбовите е најсилен, истакна директорот на ЦУК Стојанче Ангелов при посетата на мостот кај селото Уланци, со градоначалникот на Градско, Кире Нацков. Посетата на Ангелов доаѓа по пријава на градоначалникот на Градско, кој на бројот за итни […]

Искршена таблата со бугарско знаме во Градскиот парк во Битола


  БИТОЛА – Утрово е искршена информативната табла со бугарското знаме и логото на бугарскиот донатор поставена пред новиот болдер – ѕид за качување со трибина во Градскиот парк во Битола. Кршењето на таблата е наменско и најверојатно со порака од сторителите кои на информативната табла го искршиле стаклото само во делот каде што стоеше […]

МАНУ со препорака за промена на уставната Преамбула за внесување на Бугарите


  Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Секретарјатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија, на 22.06.2023 година одржа научна конференција на тема: „Забрзување на процеост на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици […]

„Макс ван дер Штул“ е еколошки одговорна библиотека – дури и едно собрано капаче е вредно


  Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат и одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат капачиња од пластични шишиња кои потоа се рециклираат, а пак собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во врска […]

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни


Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни денеска се бележи на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Брегалница кај Штип, како и на Црна Река кај Новаци. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, потпросечно е нивото само […]

Пендаровски ќе одликува истакнати спортисти со „Медал за заслуги“


Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ќе ги одликува Лазар Лечиќ, постхумно Благоја Георгиевски Буштур, Владимир Богоевски, Насе Насев и Борче Костовски. Одликувањето, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се доделува на истакнати спортисти, великани и легенди кои оставиле траен белег на спортските терени и дале огромен придонес за […]

Сончево и топло, викендот дожд и пад на дневната температура


За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, повремено во вид на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 […]