Исчезнатата Драгана утрово се вратила дома


На социјалните мрежи во изминатите денови се споделуваше објава во која се бараше 28-годишната Драгана.

Драгана исчезна на 29 јули, но денеска се вратила во својот дом, како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Денеска (01.08.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ш.(71) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во домот се вратила неговата ќерка Д.Ј.(28) од с.Булачани, за која на 29.07.2023 било пријавено дека се оддалечила од домот, информира МВР.