(Видео) Како хеликоптерите на МВР го гасат пожарот кај велешка Отовица, денеска исфрлија 36 тони вода


 

Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска учествуваше во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица „Отовица“.

Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.