Без вода дел од неколку улици во Општина Центар


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талески“, „Рајко Жинзифов“, „Апостол Гусларот“ и дел од ул. „Стефан Јакимов Дедов“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот со водоснабдувањето е поради водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ бр.18, а ќе биде од 09:00 часот до […]

ИЗИИС ќе одбележи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје


 Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во пресрет на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се одбележуваат утре, денеска ќе има завршен од серијата настани по повод годишнината. Од 26 април Институтот организираше повеќе едукативни работилници за деца и млади, отворени денови и научни средби. -На ден пред датумот кој ќе […]

Изложба на фотографии од некогашното Еврејско маало во Скопје


На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, некогашно Еврејско маало, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Последниот татнеж во Еврејското маало – фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас“. Изложбата е организирана по повод одбележувањето 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на […]

Сончево и многу топло со повремено засилен ветар


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 јули 2023 година, 206-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 159 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 40 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 12 часот и […]

ИРЛ: Мијалков станал шофер во затворот Струга


Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот, пишува ИРЛ. Затворските казни за поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец на јавноста и беа претставени […]

Министерката Тренчевска и директорката на ДИТ Томовска на увид дали се почитуваат мерките од портокаловата фаза


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска и тим од инспектори, денеска излегле на терен за време на забрана за работа на отворено, како активност преку која треба да се увиди почитувањето на мерките од портокалова фаза.  За време на теренските активности Тренчевска заедно […]

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос


 Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи. Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат […]

Законот за ментално здравје не им ја дава потребната поддршка на младите


Според Светската здравствена организација (СЗО), секој четврти човек во Македонија во одреден период од животот ќе доживее проблем со менталното здравје, а младите луѓе се особено ранливи на проблемите со менталното здравје, поради предизвиците и притисоците со кои се соочуваат во нивниот живот. Ова беше соопштено на минатонеделниот настан организиран од Клубот за младински прашања […]

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема


Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако […]

Суровоста на климатските промени: Од невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]


Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни […]

Акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода во Сопиште


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во директна соработка со Општина Сопиште во периодот од 21 до 23 јули спроведе акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода на територија на општината. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, акцијата е спроведена од страна на контролори на јавното водоводно […]

Бочварски: 20 милиони денари за инфрастурктурни проекти за општините со ромско население


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ги додели договорите на општините за реализација на инфрастурктурни проекти во рамки на Програмата „Декада на Роми“. Доделени беа договори на општините Шуто Оризари, Виница, Гевгелија, Кочани, Прилеп, Крива Паланка, Зелениково, Штип, Радовиш, Кавадарци, Делчево, Берово, Ранковце, Јегунове, Босилово, Демир Капија, Пехчево, Велес и Василево. -Драго ми […]

Алиу и Гир потпишаа Договорот за учество на Македонија во Програмата ,,Дигитална Европа”


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска во Скопје потпишаа Договорот меѓу Европска Унија и Северна Македонија за учество на нашата земја во програмата „Дигитална Европа“. Во рамките на регулаторниот дијалог со Западен Балкан, на 30 јуни 2023 година, Европската комисија потпиша Договор за асоцијација за Програмата „Дигитална Европа“ […]

Обвинителството ќе ги проверува наводите за носењето на деца од „Битолски Монмартр“ кај бугарски политичари


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителството од Битола потврди за „Независен“ дека  ќе ги проверува наводите за носењето на деца од „Битолски Монмартр“ кај бугарски политичари по известувањето на МВР. Известувањето за наводната злоупотреба на деца за политички цели,  што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го најави во четвртокот во Битола, веќе стаса во […]

Муслиманите во Македонија повеќе му веруваат на имамот отколку на државата


Институтот за политички истражувања-Скопје (ИПИС), Интернет порталот Религија.мк, и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), спроведоа ново истражување на јавното мислење, дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста за односот на религијата во мулти-религиски општества. Овој пат станува збор за специјализирано истражување на јавното мислење со кое беа анализирани одговори за улогата на ИВЗ во […]

Невреме проследено со град, врнежи и ветер ги зафати селата од општина Старо Нагоричане


Невреме проследено со град, силен ветер и интезивни врнежи вчера ги зафати и селата од општина Старо Нагоричане, Канарево, Цвиланце, Бајловце, Брешко, Аљинце и други, соопштија денеска надлежните. – РЦУК Куманово во 21:02 часот до ЦУК ја достави информацијата дека околу 16:10 до 16:30 часот на подрачје во општина Старо Нагоричане во повеќе села имало […]

Најтопло во Гевгелија и Дојран, најмногу врнежи во Скопје – Петровец


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје – Петровец, шест литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и Берово, еден литар на единица површина. Во Виница, пак, се измерени четири литри на метар квадратен. Но, како што информира УХМР, овие вредности за количините врнежи се од дождомерните […]

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час


Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. АМСМ информира дека на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Министерот Николовски во посета на градинката „Орце Николов“ во Карпош


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ќе им доделат здрава ужинка на дечињата од градинката „Орце Николов“ во општина Карпош, во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“. Потоа, […]