Променливо облачно со повремен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 …

Променливо облачно со повремен пороен дожд Read More »

За велигденските празници шалтерите на „Водовод“ ќе работат в петок


Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Ве …

За велигденските празници шалтерите на „Водовод“ ќе работат в петок Read More »

Почнува трката за нов ректор на УКИМ, рокот за кандидатури е 2 мај


Најстариот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од септември треба да добие нов ректор за мандатниот период септември 2023 – септември 2026 година. Во јавниот оглас кој е објавен на веб-страницата на УКИМ, пишува дека условите за избор на ректор се: кандидатот да биде државјанин на С. Македонија, како и да е еден од редовните …

Почнува трката за нов ректор на УКИМ, рокот за кандидатури е 2 мај Read More »

Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад


Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, дознава Мета.мк. Нападот над АЕК, за Мета.мк го потврдија и од МВР. „Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, велат од МВР. Директорот на АЕК, Јетон Акику во телефонски разговор …

Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад Read More »

Врховниот суд бара од апелациските судови да бидат поефикасни со предметите од висок јавен интерес


  Прашањата за постапувањето по предметите од висок профил и од висок јавен интерес беа тема на разгледување и на дискусија на денешниот работен состанок во Врховниот суд меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и претседателите на четирите апелациoни судови во државата. Адеми, како што информираат од Врховниот суд, ја истакна важноста на прашањето …

Врховниот суд бара од апелациските судови да бидат поефикасни со предметите од висок јавен интерес Read More »

Лекарска комора се жали на јавниот линч


Лекарската комора најостро ги осудува јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неосновани обвинувања за сторена лекарска грешка и истакнува дека атмоферата која се креира во јавноста покажува дека е потребно итно носење на посебен закон за заштита на докторска дејност со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на …

Лекарска комора се жали на јавниот линч Read More »

Потребно воспоставување мерит систем во изборот на членови на управните одбори во јавните претпријатија


Во 250 институции во државата со управни и надзорни органи, кај 60 проценти има директори со целосна функција, а кај 40 проценти се назначени вршители на дејност. Во овие институции има околу 3000 лица кои се членови на управни и надзорни одбори кои треба да вршат надзор над работата на институциите, а нема воедначеност, туку разноликост …

Потребно воспоставување мерит систем во изборот на членови на управните одбори во јавните претпријатија Read More »

Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици


По еден месец откако до Собранието достави предлог за изменување и дополнување на Законот за средното образование, со цел да се овозможи бесплатниот јавен превоз да важи и за учениците во приватните средни училишта, Сојузот на средношколци денеска ги повика сите пратеници да го стават на дневен ред и да го изгласаат. – Денеска изминува …

Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици Read More »

(Галерија) Розовата магија на јапонските цреши


Скопје во јуни со години е познато по мирисот на липите, но април, дефинитивно им припаѓа на јапонските цреши. Овие благородни дрвца кои пленат со своите розови цветови ширум светот, кај нас за прв пат беа засадени пред повеќе од дваесет години на улицата Максим Горки, во центарот на градот, но сега можат да се …

(Галерија) Розовата магија на јапонските цреши Read More »

МОН смирува: Ќе има историја, географија и граѓанско образование за шесто одделение


Министерството за образование и наука (МОН) денеска информира дека ќе има историја, географија и граѓанско за шесто одделение. Ова следува како реакција откако во наставната програма за шесто одделение за следната учебна година која е објавена на интернет страницата на Бирото за развој на образованието ги немаше предметите географија, историја и етика на религиите. -Информираме …

МОН смирува: Ќе има историја, географија и граѓанско образование за шесто одделение Read More »

Пречистителната станица ќе се гради, Арсовска го потпишала договорот


  По неколкумесечни перипетии, караници, разрешувања, именувања, обвинувања за „рачиња во медот“, европски грантови, скопската градоначалничка Данела Арсовска го потпишала договорот за изградба на пречистителна станица во Скопје, дознава „Фокус“. Освен доцнењето и силните зборови за „шпицниот градоначалник“ еден од клучните резултати на оваа караница е раскинувањето на сојузот меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, која ја …

Пречистителната станица ќе се гради, Арсовска го потпишала договорот Read More »

Општина Арачиново како Елдорадо, не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите


Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на работата на Општина Арачинов за 2021 година и во извештајот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи  и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Ревизијата утврди дека од дадените шест препораки, пет не се спроведени, а една е во тек на …

Општина Арачиново како Елдорадо, не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите Read More »

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници


   Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. – Согласно програмата за …

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници Read More »

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред


Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота (15.04.2023 год), недела …

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред Read More »

Потопло време дури од мај


  За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави.   Со цел да добиеме одговори зошто годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, МИА разговараше со …

Потопло време дури од мај Read More »

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај. На оваа изложба, прва од овој карактер, ќе биде презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски …

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите Read More »

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини


Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, …

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини Read More »

Сончево со умерена локална облачност и јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура …

Сончево со умерена локална облачност и јужен ветер Read More »

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња


„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија. „Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но …

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња Read More »

Мирен протест на битолчани пред ЈЗУ Кличка болница „Д-р Трифун Пановски“


Во знак на сочувство за починато новороденче и шест годишното девојче Јана, битолчани попладнево одржаа мирен протест пред ЈЗУ Клинична болница „Др Трифун Пановски“-Битола. Со едноминутно молчење и звук на сирена, учесниците на протестот порачаа дека недозволливо е во напредна медицина да се случуваат трагедии. -Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската …

Мирен протест на битолчани пред ЈЗУ Кличка болница „Д-р Трифун Пановски“ Read More »