Анкетна комисија ќе ги разгледува случувањата во Онкологија


Фото: Б. Грданоски

 

Во редок случај на заедништво на пратениците Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал во Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Комисијата најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.

Комисијата ќе утврдува дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, а за тоа ќе ја информира и Владата, Државната комисија за спречување на корупција и обвинителството. Во комисијата ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.