Две лица уапсени на протестот за Онкологија
Две лица се уапсени на денешниот протест што се одржа поради скандалот со кражбата на лекови на Oнкологија.За случајот првично информираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
„Двајца активисти на Црвена младина уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО. Протестот продолжува таму! Се гледаме!“, објави Апасиев кој попладнево присуствуваше на протестот. Саше Јанчев од Левица тврди дека лицата биле приведени оти фрлале јајца за време на протестот.
Протестот во Скопје официјално немаше организатор, но него го узурпираа партиски стрѕуктури од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.Активисти на опозициските партии со политички и партиски пароли се обидоа и од тажните лични животни приказни да извлечат ситни политички поени, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи како од предизборен митинг. Наместо барање за брза и темелна истрага на протестот тие истакнуваа погрдни зборови и пораки, говор на омраза и политички пароли.