Објавена третата стрип – книга за Итар Пејо


Македонскиот стрип центар со седиште во Велес ја објави третата книга од стрип серијалот наменет за познатиот народен јунак Итар Пејо. Со издавање на истата завршува материјалот на реномираниот македонски автор Диме Иванов Димано наменет за овој итроманец. Диме Илиев-Димано е знаменит стрип автор, еден од добитниците на Признанието „Љупчо Филипов“, што се доделува на […]

„Вечер на Живко Чинго“ во охридско Велгошти


Во охридското село Велгошти вечерва традиционално ќе се одржи културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, како одбележување на годишнината од раѓањето на големиот писател и раскажувач. Чествувањето ќе започне со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на Чинго, по што ќе има обраќање на претставник на Општина Охрид. Беседа за ликот и делото на Живко Чинго ќе […]

Славниот тенор Пласидо Доминго обвинет за сексуална злоупотреба


Шпанија– Осум оперски певици и балерина го обвинија славниот тенор Пласидо Доминго (78) за сексуално злоупотребување. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“. Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека […]

Почина Гордан Михиќ, сценаристот на „„Камионџии“, „Дом за бесење“, „Балкан експрес“…


Србија– Прославениот српски сценарист, Гордан Михиќ почина вчера на 80-годишна возраст. Веста за смртта на Твитер ја објави неговата ќерка, актерката Ивана Михиќ. Михиќ починал рано наутро по ненадејно заболување. Гордан беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предаваше филмско сценарио. Од неговото перо излегоа некои од најпознатите филмови и серии во југословенската […]

„Охридско лето“ : Вечер со уметниците од „Бенсман“ саксофон квартетот


На програмата на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва се уметниците од „Бенсман“ саксофон квартетот, во состав Детлеф Бенсман – сопран саксофон, Тианхонг Ву –  алт саксофон, Лиу Паи – тенор саксофон и Нинослав Димов на баритон саксофон. „Бенсман“ саксофон квартетот дебитира на концертниот подиум во 2006 година со премиерна изведба на Брехтовата „Badener Lehrstuck” за хор, солисти, […]

„Парче душа“ на „Охридско лето“  – совршен остров за одмор на душата


Познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа синоќа создаде совршен остров за одмор на душата преку проектот „Парче душа“ што го изведе во рамки на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“. Во прекрасниот амбиент во предворјето на црквата „Света Софија“, актерот и носител на проектот Тодоровски-Упа заедно со неговите пријатели и соработници, актерите Гордана Енроска и […]

Турските актери од „Буре барут“ на „Свети Наум“ : Чувствуваме позитивна енергија


Турските актери, кои во петокот вечерта ја изведоа театарската претстава „Буре Барут“ на „Охридско лето“ , уживаа во посетата на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“. Со туристичкиот водич на Охридско лето го посетија манастирот и изворите на реката Црн Дрим. Беа воодушевени од богата историја, но и спојот на духовното, природното и културното богатство на […]

Археолозите по трасата на новиот експресен пат Штип – Кочани


Патуваме по трасата на експресниот пат Штип – Кочани. Екипата пристигнува над селото Крупиште во општина Карбинци, до новата клучка каде што жителите на околните села, но и на Пробиштип, ќе се приклучуваат кон новиот експресен пат. Големи камиони што носат градежен материјал зад себе оставаат прашина. Патниците кои поминуваат добиваат впечаток дека забрзано се […]

Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Буре Барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер што на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот ќе ја донесат актерите на Народниот театар Истанбул. „Буре Барут“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко. […]

Учесниците на „Охридско лето“ со пораки за заштита на Охрид – градот на УНЕСКО


Сите уметници учесници на фестивалот „Охридско лето“, речиси без исклучок воодушевени од убавините на Охридското Езеро и градот, притоа користејќи ја секоја можност на прес-конференциите, на самите концерти и настапи пред публика да ги поддржат заложбите за зачувување на тие природни реткости и вредности. Неодамна Влатко Стефановски, кој заедно со Мирослав Тадиќ настапи на роденденскиот […]

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија


Вкусен спој на различна музика што ја соедини публиката на фестивалот „Охридско лето“ направи синоќа Дуке Бојаџиев кој одржа концерт на Долни Сарај. Овој извонреден музичар кој настапува на најпрестижните концертни подиуми ширум светот меѓу кои и Карнеги Хол во Њујорк, е секогаш скромен и  со позитивна енергија што мошне лесно и’ ја пренесува на […]

Турски актери во македонскиот филм „Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар


На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје. Како што соопшти Сектор Филм, станува збор за прв македонски филм снимен […]

Ана Кондратенко за „Независен“: Го одбив Карерас зашто убаво ми е во Скопје


Ана Кондратенко 15 години е прва виолина или концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Исклучителен музичар со став, атрактивна дама со волшебни зелено-сини очи, сопруга на врвен музичар и мајка на три деца. Дел од музичките критики за Ана Кондратенко ќе кажат дека е таа „виолинистка со фуриозен штрих“… која создава „музика како од оној свет“. Добитничка […]

Режисерот Фатих Акин доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола


Режисерот Фатих Акин ќе биде специјален гостин на годинешното фестивалското издание на „Браќа Манаки“, што ќе се одржи во Битола од 14 до 21 септември. Акин е добитник на награди како „Златна мечка“ во Берлин (2004) и „Златен глобус“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје (2017), а неговите филмови се исклучително познати и омилени […]

Наградите „Еми“ во знак на најпопуларните серии кои завршуваат


САД– Свеченоста на доделувањето на ТВ-оскарот „Еми“ годинава нема да има водител. Наместо тоа, продуцентите одлучиле да им оддадат почит на некои од најпопуларните серии, што последниве месеци го имаа својот крај. Извршниот директор на „Фокс Ентртејнмент”, Чарли Колиер ги потврди овие наводи. – Нашата задача е да процениме како да го подигнеме нивото на […]

„Господ постои, името и е Петрунија“ победи во Херцег Нови


Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митервска ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на штотуку завршениот Филмски фестивал во црногорскиот град Херцег Нови, соопшти денеска продукцијата „Сестри и брат Митевски“. Оваа десетта награда во низа за овој филм ја додели петочлено жири во состав Дуња Клеменц, продуцент […]

Со Валона, Самос и Крф: Охрид ќе го дигитализира културното наследство


Охридското културно наследство ќе се дигитализира и промовира во рамките на проектот „Интер – регионално управување со културното наследство Е – Систем“ (Inter-Regional Cultural Heritage Management e – System). Општина Охрид учествува во регионалниот проект, чија главна цел е преку дигитализација на културното наследство да се развива културниот туризам и да се едуцираат младите и […]

Концерт на Дуке Бојаџиев на „Охридско лето“


Програмата на „Охридско лето“ за денеска предвидува две содржини, и тоа како централен настан концертот на Дуке Бојаџиев на Долни Сарај, како и мултимедијалниот проект на охридскиот уметник Драган Спасески Охридски. Дуке Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во […]

Изложбата „100 години Требениште“ останува во Скопје до крајот на месецов


Уште 20-ина дена јавноста има можност во Археолошкиот музеј во Скопје да ја види ексклузивната меѓународна изложба „100 години Требениште“  која претставува околу 400 вредни артефакти откриени во некрополата Требениште кај Охрид, меѓу кои е и златната маска прикажана на 500-денарките. Од нејзиното откривање во 1932, оваа маска првпат ја напушти матичната поставка во Народниот […]

Изложба на косовскиот уметник Адем Дермаку во Чифте амам


Во галеријата Чифте амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба „Моите спомени, дали се и твои…?!”  на Адем Дермаку, современ косовски уметник кој живее и работи во Швајцарија.  Изложбата прикажува графики и цртежи во кои авторот комбинира стари и нови медиуми – техниките на графичко печатење и  традиционалните техники. – Градење мостови преку […]