Објавена драмата „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски


Литературното списание „Современост“ го објави драмскиот текст „Мајстори за огледала“ од Стефан Марковски, во кој авторот дава комичен приказ на некои трендови во општеството, како популарноста на литературата за самопомош, миграцијата на младите, среќата наспроти лузерството, меѓугенерациските конфликти и материјализмот во ерата на глобалното пазарно општество.

– Во сето ова можеш да останеш човек кој не може да ги промени тековите, туку својата индивидуална судбина. Огледалата се нашиот одраз, она што ние му испраќаме на универзумот, тоа ни се враќа по принцип на огледало. Со драмска иронија Марковски фарсично го интерпретира верувањето дека енергијата се враќа онаква каква што ќе ја испратиш во универзумот, затоа што истото ова без современите изрази и фрази го знаеле и старите и мудрите, а дека среќата треба да се заснова на постабилни вредности Марковски автореференцијално коментира во фарсичен дух преку ликот на протагонистот, наведува рецензентката Катерина Момева за делото на Марковски кое е негов прв драмски текст.