Министерството за култура со осуда за оштетувањето на Аквадуктот

Министерството за култура го осуди оштетувањето на 10 потпорни носечки столбови на Аквадуктот кој е културно наследство.

– Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија, информираа попладнево од Министерството за култура.