„Рапсодија“ со шведската виолинистка Ава Бахари и диригентката Бар Авни во Филхармонија


„Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток во 20 часот на кој како солистка ќе настапи виолинистката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. На програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 од Ернест […]

Три македонски драми во престижниот избор на Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“


Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2026 година. Меѓу нив се и три драми на македонски јазик: „Џинови и џуџиња“ од Владимир Јанковски, „Кој сум јас“ од Митко Чешларов и „104“ од Драгана Лукан Николоски. Во конкуренција на 1430 пријавени дела […]

Македониумот во Крушево ќе се заштитува од прокапување, а црквата на Трескавец од влага


Заштитата на Македониумот во Крушево од прокапување, како и заштитата на црквата на Трескавец се капиталните проекти на кои ќе работи годинава Прилепскиот завод и музеј. Овие проекти се дел од инвестициите што на Музејот му се одобрени од Министерството за култура и туризам. До лето треба да се реши опасното прокапување на Македониумот во […]

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше


Конечно, современата македонска книжевност доби психолошки трилер каков што досега немаше. Дело од македонски автор коешто со своите квалитети е рамо до рамо со најдобрите психолошки трилери што до македонската читателска публика доаѓаа само преку преводната литература. „Панили“ го објави психолошкиот роман „Немам страв“ од Трајче Стамески, којшто не само што овозможува ново искуство за […]

Големиот сликар, Илија Пенушлиски, почина на 79 години


  Илија Пенушлиски, сликарот кој остави извонреден белег во македонската уметност, почина на 79 години. Веста ја соопшти неговиот син Илија Митрев-Пенушлиски во објава на социјалните мрежи. „Татко ми почина вчера. Живееше без преправање, без оклоп, непропустлив за бучавата на времето. Живееше со длабок хуманизам, незаситна љубопитност, желба за живот и непоколеблива луцидност и присутност. […]

Промовиран романот на Анде Јанков „Memento Mori“


Писателот  Анде Јанков на малата сцена во Велешкиот театар го промовира своето најново дело „Memento Mori “, петто од неговиот серијал со полицискиот инспектор  Виктор Николов. Книгата  ја промовира Софија Стојков, а извадоци читаше професорката и писателка Соња Карбева.  Како што појасни промоторката Стојков, петтиот дел на серијалот за полицискиот инспектор Виктор Николов е своевиден […]

Македонија и светот го одбележуваат Светскиот ден на детските театри


По повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, кој оваа година се одбележува под мотото „Правата на децата на сцена“, македонската порака ја пренесе м-р Јулијана Мирчевска, претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија. „На сцената каде што светлината нежно паѓа, детските соништа добиваат глас. Денес не славиме само театар, денес […]

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложба „Лица“ на скулпторот Ангел Коруновски


Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена самостојна изложба на скулпторот Ангел Коруновски насловена „Лица“ во која се неговите видувања на незабележителните лица на глобализацијата – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот свет. Во изложените дела Коруновски преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, го визуелизира […]

Зошто Анеке Брасинга е годинешен лауреат на СВП: Беседа на Мите Стефоски


Анекe Брасинга е родена на 20 август 1948 година во Шарсберген. Кога имала една година, нејзините родители се преселиле во блискиот Арнхем. Шестчленото семејство живеело скромно. Како дете, Анекe сакала да стане биолог и многу пешачела низ шумите на Гелдерланд. Од 1967 година живее во Амстердам, но исто така сака да престојува и во (дивата) […]

Холандската поетеса Aнеке Брасинга е добитничка на „Златен венец“ на СВП за 2026


Холандската поетеса Анеке Брасинга ( 1948 година, Шарсберген) е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП), соопшти денеска Никола Кукунеш, в.д. директор на НУМ СВП, по состанокот на Управниот одбор на фестивалот, а на предлог од страна на Советот за доделување на наградата „Златен венец“ на СВП во состав: академик Катица […]

Промоција на германското издание на „Одбројување“ Пармаковска на Саемот во Лајпциг


На 21. 3. 2026 (сабота) на Самот на книга во Лајпциг ќе се одржи промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин. Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води […]

Претставување на добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2026 година


Во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) денеска напладне ќе биде претставен добитникот на наградата  „Златен венец“ на „Струшки вечери на поезијата“ за 2026 година. Струшките вечери на поезијата (СВП) се одржуваат во август секоја година, а традиционално почнуваат со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“. „Златен венец“ […]

„Ништо нормално“- нова збирка раскази на Симона Јованоска


Денес од печат излегува збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на Или-Или. „Ништо нормално“ е книга бр. 244 во популарната едиција ПРОаЗА, а дизајнот на корицата е на Соња Станковска.   По два романа и една книга за деца, со „Ништо нормално“ Симона Јованоска повторно се враќа на жанрот што мајсторски го […]

“Отвори прозорец кон нови светови”: Саем на книга од 23 до 29 април во „Борис Трајковски“


    Најголемиот книжевен настан во земјава и оваа година ќе го претвори Скопје во централно место за љубителите на литературата. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови”, истакнувајќи ја моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме.   […]

Се запали српскиот павилјон на Венециското биенале


Венеција – Силен ветер го отежна гаснењето на пожарот што денес избувна на покривот на српскиот павилјон на Венециското биенале, објавија италијанските медиуми. Пожарот создаде голем столб од црн чад што можеше да се види над италијанскиот туристички град, кој е домаќин на уметничкиот саем. Пожарникарите брзо интервенираа откако беше подигната тревога непосредно пред 10 […]

Целата смисла е да се радуваме и за некој друг, не само за себе: Интервју со Оливера Ќорвезироска, лауреат на наградата „Роман на годината“


Шест автори беа во најтесниот избор за Роман на годината за 2025 година, но Оливера Ќорвезироска (1965, Куманово) со мнозинство гласови ја освои престижната награда за романот „Три Марии“ (издание на Арс-Либрис), „ мајсторски напишан роман, во кој секој лик е внимателно изграден и секој детаљ има важно место во мозаикот на приказната“, како што […]

Националниот џез оркестар ќе го изведе најновиот проект на американски композитор и диригент Мајк Холобер


Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер, This Rock We’re On: Imaginary Letters, под диригентство на самиот автор. – Холобер е еден од најзначајните современи џез композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект This […]

Поетско-музичка вечер „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша“ во „Лабораториум“


 Под слоганот „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша“, ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата, со настан на кој ќе читаат 30-тина современи македонски поети и поетеси од сите генерации и со музичка програма од современи македонски музичари. Темата на оваа поетска вечер, што ќе се одржи во „Лабораториум“, велат организаторите, не е случајно […]

„Кармен“ на Драмски отвора фестивал во Јужна Кореја


Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар денеска ја отвора официјалната програма на „Seoul international monodrama festival 2026“ во Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март во организација на театарот „Samilro Changgo theater“ од Сеул, соопштија од Драмски театар – Скопје. – Овој театар е историски исклучително важен „мал театар“ што се смета за […]

Дуковски од Белград: Драмата „Црно злато“ му ја посветувам на Горан Стефановски


Праизведба на претставата „Црно злато“ од македонскиот драмски писател Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ, беше изведена викендов на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградскиот драмски театар. Белградските медиуми ја најавија како исклучителен драмски текст и „претстава што ќе има долг век“. Во изјава за МИА Дејан Дуковски нагласи дека ја посветува […]