Драмскиот театар го прекинува репертоарот до 6 март


Националната установа Драмски театар – Скопје денеска соопшти дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава. Согласно ова, како што се наведува во соопштението, откажана е претставата „Луди за љубов“, што требаше да се одигра утре на сцената на овој театар. Билетите доделени како […]

Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале


Филмот „Малмкрог“ на  Кристи Пују, ја освои наградата за режија во новосоздадената селекција „Encounters” на Берлинскиот филмски фестивал, каде дел од копродукцијата е и нашата продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски и нашата Aгенција за филм. „Малмкрог“ е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е Мандагора од Романија. Во […]

Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа награда. На годинашниот конкурс пристигнаа 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција избра 20 наслови, а сега списокот го скуси на десет […]

Иранскиот филм „Нема зло“ ја освои „Златната мечка“ на Берлинале


Германија– Иранскиот филм „Нема зло“ на режисерот Мухамед Расулофа, синоќа ја освои наградата „Златна мечка“ на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, соопшти претседателот на жирито Џереми Ајронс. Филмот, кој низ четири приказни ги тематизира прашањата на смртната казна во Исламската Република, е забранет во земјата, а на режисерот не му беше дозволено да го напушти […]

Наградите „Цезар“ без Полански: Славниот режисер на удар на активистите за правата на жените


Франција- Славниот режисер Роман Полански (86) нема да присуствува на доделувањето на наградите „Цезар“ вечерва во Париз. Наградите се француски еквивалент на американскиот Оскар а неговиот последен филм „Офицер и шпион“  кој освои Сребрена мечка на фестивалот во Венеција , за антисемитски гонења на францускиот капетан Алфред Дрејфус и за неговата погрешна предавство во 1890-тите, […]

92. Оскари: „Паразит“ најдобар филм, „Медена земја“ без златната статуетка


САД– Јужнокорејскиот филм „Паразит“, победник лани на Канскиот филмски фестивал освои Оскар за најдобар филм, најдобра режија (  Bong Joon-ho), најдобар странски филм и најдобро сценарио, сабајлево, по наше време, во театарот „Долби“ во Холивуд. Најдобар глумец е Џоакин Феникс ((Joker), најдобра глумица е Рене Зелвигер (Judy), Најдобар глумец во споредна улога е Бред Пит, […]

Љума и Даут добитници на наградата за најдобра кинематографија на Американското здружение на кинематографери


Снимателите на филмот „Медена земја“ Самир Љума и Фејми Даут се добитници на наградата за најдобра кинематографија што синоќа првпат ја додели Американското здружение на кинематографери во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Наградата, што годинава ја воведе Асоцијацијата на кинематографери на Америка, им ја врачи режисерот на филмот „Џокер“, Тод Филипс, кој рече дека сега […]

„Медена земја“ на Оскарите: Владата ќе плати патување до Холивуд


-Донесовме одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“ Honeyland, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории, напиша на Фејсбук премиерот на техничката влада Оливер Спасовски. „Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, […]

„Ѕвездена музика“ со оркестарот на Филхармонија


„Ѕвездена музика“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонијата, кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а […]

Спајк Ли претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал


Франција– Американскиот режисер Спајк Ли (62) ќе биде претседател на жирито на годинашниот Филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 12 до 23 мај, објавија организаторите. Ли рече дека има чест да стане првиот човек од африканската дијаспора што е избран за престижната позиција на претседател на жирито на најважниот филмски фестивал во […]

Како се снимаше „Медена земја“, номиниран во две категории за Оскар?


„Медена земја“ , номиниран за Оскар во категориите најдобар документарец и најдобар интернационален филм, раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на […]

„Медена земја“: Две историски номинации за Оскар


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм.     Не една, туку две посебни причини ќе имаат македонските вљубеници во филмот со нетрпение да го очекуваат годинешното 92. доделување на  филмските награди- Оскар. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов […]

Денеска ќе бидат објавени номинациите за „Оскар“ – „Медена земја“ е во потесниот круг


Филмската академија денеска ќе ги соопшти номинациите за трката за Оскарите што ќе се оддржат на 9 февруари во Лос Анџелес. Македонскиот филм „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии – за најдобар документарец и за најдобар странски филм, па за неколку часа ќе стане извесно дали ќе добие номинација и ќе биде […]

Отворен македонски Културно-информативен центар во Истанбул


Во Истанбул вчера свечено беше отворен Културно-информативен центар на Република Северна Македонија. На отворањето присуствуваше и македонскиот министер за култура, Хусни Исмаили, кој истакна дека во годините што следуваат Центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите од Република Северна Македонија во Истанбул. Тој потсети дека владите на Турција и Северна Македонија […]

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија в сабота во 12 часот ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт за деца. Концертот е насловен „Замисли желба“, а приказната ја следи нарацијата која ја сугерира насловот – новогодишните желби кои секое дете си ги посакува на крајот од годината. Поентата и мотивот во приказната се дека не треба да се фокусираме […]

„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории


Документарецот  „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што […]

Во МСУ пристигнуваат светски етаблирани уметници


На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сѐ што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени […]

Започна караванот на претставата “Хумана Приказна”


Изминатиот викенд во сабота на 7ми декември се одржа премиерата на претставата “Хумана Приказна”, во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, во МКЦ “Кино Фросина”, која е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит Медиа и во партнерство со Народниот правобранител. […]

Скопје прозвучи новогодишно: Зимска бајка со пијанистот Дино Имери во Филхармонија


Зимска бајка ни отсвири талентираниот пијанист од помладата генерација Дино Имери синоќа на празничниот концерт во Филхармонија замислен како збогатување на празничната атмосфера и подигнување на новогодишното расположение, во организација на „Баги комуникации“. Иако скромната сцена не беше новогодишно накитена, тешката програма ѝ ги стопли срцата на публиката- љубители на класичната музика, пријатели, фанови и […]

Јапонски грант за Националната опера и балет


Грант од околу 663.000 евра ќе ѝ додели Владата на Јапонија на Националната опера и балет за проектот за подобрување на музичките инструменти и опремата за озвучување и осветлување во институцијата. Во присуство на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за култура Хусни Исмаили, договорот за грантот денеска во […]