Романецот Габриел Бебешелеа е новиот шеф-диригент на Филхармонија


Филхармонија на Р.С Македонија утре, по повод отворањето на новата концертна сезона на 3 септември, пред новинарите ќе го претстави новиот шеф-диригент – Габриел Бебешелеа од Романија, функција која ќе ја извршува две години.

Последен пат, Филхармонија имала шеф диригент пред повеќе од две децении.

На пресот ќе биде презентирана и програмата која ќе се реализира во новата сезона 2020-2021 во согласност со протоколите за заштита.