Од денес онлајн продажба на карти за Саемот на книга во Скопје

Саемот за книга 2020 ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга за прв пат се одржува на отворен простор. Со Саемот на книга на отворено, започнува и првиот од саемите под мотото: “безбедни саеми”, кои пред сè ќе ја имаат предвид безбедноста на посетителите и изложувачите и ќе се адаптираат на новонастанатите услови.

Од денес, влезници за саемот ќе може да се купат и преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk  по цена од 30 денари(директен линк: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=3562).

На саемот ќе земат учество повеќе од 40-тина издавачки куќи кои најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга и оваа година е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.