Излезе од печат ,,Анонимен османлиски речник од XIX век” од Драги Ѓоргиев


  Во издание на ,,Диван” од Скопје, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, излезе од печат книгата ,,Анонимен османлиски речник од XIX век” од академик професор доктор Драги Ѓоргиев. – Книгата е резултат на обемна истражувачка работа на академик Ѓоргиев и е прва кај нас од овој тип, поточно претставува обработка на речник […]

Три илјади посети на изложбата „В/редности и вредности“ во Музејот на Народната банка


  Во Музејот на Народната банка на 7 јануари, по шест месеци поставка, се затвора изложбата „В/редности и вредности“, која беше посветена на културното наследство претставено на тековното издание на македонските книжни пари. Изложбата беше организирана како дел од активностите со кои Народната банка ја одбележа 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот […]

Награди „Цезар“: Забранет влез за сите обвинети за сексуално насилство


Франција– На сите оние на кои им се заканува потенцијална затворска казна за сексуално насилство ќе им биде забрането да присуствуваат на церемонијата на доделување на најважните француски филмски награди Цезар, што ќе се одржи следниот месец, соопшти тамошната Академија за кинематографски уметности. Одлуката на шефот на Француската академија, во пресрет на 48. церемонија на […]

Путин дал инструкции да се прикажуваат филмови за „специјалната воена операција“ во руските кина


  Владимир Путин му наложи на Министерството за култура да обезбеди прикажување на документарни филмови во руските кина посветени на „специјалната воена операција“ и „борбата против ширењето на неонацистичката и неофашистичката идеологија“. Секторот има обврска да организира и фестивал на патриотски документарни филмови. Шефот на Министерството за култура, Олга Љубимова, треба да подготви предлози за […]

Со „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ започнува филмската програма во Кинотека


Кинотека ќе ја започне филмската програма за 2023 година со три филмски остварувања – „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“. На македонските филмски остварувања од 2022 им се придружува и „Од рајот“  – црната комедија на Срѓан Драгојевиќ, познат како режисер на „Парада“, „Ране“, „Ми нисмо анџели“. На 4 и 5 јануари од […]

На крадецот на муралот на Бенкси во Украина му се заканува 12 години затвор


Украина– Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години. Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на […]

„Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ на Давор Стојановски е македонски кандидат за „Балканика“


Комисијата за избор на македонскиот претставник во трката за меѓународната книжевна награда „Балканика“ во состав проф. д-р Јордан Плевнеш, претседател, проф. д-р Александар Прокопиев и Јовица Тасевски Етернијан, го избра романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од писателот Давор Стојановски, издание на „Или-Или“. Од 13 пристигнати книги во најтесен избор влегле и делата „Најосаменото место“ […]

Заради три тетоважи на Путин: Откажан настапот на балетанот Полунин во Милано


Италија– Tеатарот „Арчимболди“ во Милано го откажал настапот на балетанoт Сергеј Полунин, кој има три тетоважи на рускиот претседател Владимир Путин. Тој требало да настапи во овој театар на 28. и 29. јануари, а на веб-страницата на театарот објавија дека решиле да ја откажат неговата изведба на балетот по бројните реакции на социјалните мрежи. Додаваат […]

Темишвар, Веспрем и Елевсина – европски престолнини на културата во 2023


Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Ја преземаат од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022-ра го славеа европското културно наследство. Грција по четврти пат ќе биде домаќин на целогодишната програма од проектот на ЕУ – Европска престолнина на […]

Мојсова-Чепишевска: Македонскиот збор уште посилно да одекне низ светот


Дали направивме доволно оваа година, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори […]

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Австрија– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот австрискиот диригент Франц Велсер-Мост. Франц Велсер-Мост ужива особено блиско и продуктивно […]

„Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли најбарана книга за 2022 година во „Матица“


  „Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли е најбараната книга за 2022 година, изјави Александра Костовска, која 18 години е дел од тимот на издавачката куќа „Матица“. – Оваа семејна сага е најпродавана книга годинава. По неа следува трилерот „Последниот преживеан“ од Тес Геритсен. На трето место е „Клетва“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, најпознатата српска авторка […]

Привршува изведбата на фасадата на Турскиот театар во Скопје кој се гради од 2014


Привршува изведбата на термофасадата и целосната стаклена фасада со нејзината конструкција и потконструкција на новиот објект на Турскиот театар во Скопје, кој почна да се гради пред осум години. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека при крај е и изведбата на покривот, а следна фаза се инсталатерските работи, објави СДК.мк.  

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможува бесплатни документарци до 20 јануари


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од фестивалот. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на […]

„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, по нецел месец, со второ издание


„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски го доживува своето второ издание. За помалку од еден месец секој примерок од првиот тираж си го најде својот дом во срцата на читателите. „Ова е доказ за тоа колку македонската читателска публика е гладна за квалитетни книги од домашни автори. Како со години да чекале да се случи […]

Од „Паркети“ до „Фолтин“- промовирана музичката компилација „Битола е градот“


Агенцијата за мода, култура и уметност „Метрополис“ – Битола во соработка со НУ Центар за култура, промовира музичка компилација „Битола е градот“. Станува збор за ЦД со 22 композиции од исто толку различни изведувачи, проект поддржан од Општина Битола и печатница „Графопром“, истакна Илија Талев, креатор и реализатор на проектот. – „Битола е градот“ е […]

МКЦ беше „покорен“ на прославата на неговите 50 години (галерија)


  Не може да се избројат луѓето кои вчера цел ден одеа како на аџилак во Младинскиот културен центар во Скопје. Тоа беа илјадници души, претежно млади, но и возрасни, кои дојдоа да му одадат почит на центарот кој во 1972 година беше основан како Дом на млади „25 Мај“, а на почетокот на независноста […]

Пучини, Верди, Штраус – гала оперски концерт за празникот Василица во НОБ


На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023. Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети […]

Денес започнува прославата за 50 години МКЦ


Со целогодишната програма по повод јубилејот 50 години МКЦ, Младинскиот културен центар денес на пладне ги отвора своите врати за сите посетители, токму онака како што биле отворени далечната 1972 година на 28 декември. Целодневната програма која буквално ќе исполни секое ќоше на МКЦ, започнува во 12 часот со програма за најмладите, односно отворени предавања […]

Првпат од 1991 година објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик


За првпат од 1991 година е објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик. Деновиве, во Љубљана излезе од печат двојазичната книга „Смешна случка во зоолошка градина – Smešnica v živalskem vrtu“ со песни од македонски автори, со која преку креативни работилници, македонската литература за деца ќе биде присутна во градинките […]