Публиката ќе крши паричка на вториот василичарски гала оперски концерт во НОБ


По синоќешниот, вечер во Националната опера и балет ќе се одржи уште еден гала оперски концерт по повод празникот Василица. Како што информираат од НОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, вечер публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му […]

Комеморација за Катерина Крстева: Саканата Мара Попара, нашата Кате, уште долго, долго ќе се спомнува


Отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева се одржа денеска во НУ Македонски народен театар. Членови од семејството, блиски пријатели, колеги и познаници ѝ оддадоа почит на актерката. – Да се кажат прошталните зборови во името на фелата, колегите, пријателите, обожавателите за еден театарски човек, за една шармантна актерка, за една жена полна со […]

Зоран Анчевски добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Коњски житија“


Македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис за 2022 година, за делото „Коњски житија“, на конкурсот на центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Поемата „Коњски житија“, која пристигнала под шифра „Џамбаз“, на состанокот на жири-комисијата во декември минатата година, едногласно била одрбана меѓу […]

Традиционален Гала оперски концерт по повод Василица во НОБ


По повод празникот „Василица“, вечер и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт. Како што информираат од НОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со […]

Комеморација во чест на Катерина Крстева


Во НУ Македонски народен театар денеска ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит. – Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги […]

Избор песни од Стефан Марковски објавени во естонското списание „Академија“


Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се објавени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија „Академија“ (Akadeemia), кое излегува на месечно ниво во универзитетскиот центар Тарту. Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по […]

Костадиновска-Стојчевска: Синдикатот да биде гласен за своите права, институциите да работат по закон 


Институциите за култура треба да работат според Законот за култура затоа континуирано ќе се вршат инспекциски надзори, ќе се укажува до нив и ако треба ќе се казнува, беше децидна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во синоќешното гостување во Топ тема на Телма телевизија.  – Правилник за реаудиција треба да има и не е притисок, […]

„Идентитетот е приказна“ на Иван Антоновски и драмите на Горан Стефановски најбарани книги на „Полица“ во 2022 година


Творештвото на Горан Стефановски беше во фокусот на читателите на изданијата на издавачката куќа „Полица“ во текот на минатата година кога беа одбележани 70 години од неговото раѓање. Најбарана книга објавена од „Полица“ во 2022 е „Идентитетот е приказна“ од  Иван Антоновски – прва книга за есеистиката на Стефановски. На второто и третото место според […]

Комеморација во МНТ во чест на Катерина Крстева (1941 – 2023)


РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на 12 јануари (четврток), во 12 часот, во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познајници ќе ѝ оддадат почит. Во спомен на Кате – актерка со ведар дух, која беше дел од создавањето на […]

Почина поетот Чарлс Симиќ, добитник на Пулицеровата награда и на Златен венец на СВП


САД– Почина Чарлс Симиќ (85 години), американски поет со српско потекло, есеист и преведувач, добитник на Пулицеровата награда и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017. Симиќ е роден во 1938 во Белград, а во САД емигрирал во 1953 година. Важеше за еден од водечките поети во светот. Неговата поезија, како […]

Македонски и француски филмови во Кинотека за крајот на јануари


Кинотечната програма за крајот на јануари за филмофилите нуди два македонски играни филма од најновата продукција, како и еден српски наслов со малцинско македонско продукциско учество. Исто така, во редовна соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари ќе биде прикажан филмот „Презир“ на Жан-Лук Годар, еден од највлијателните светски кинематографери, кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња. Станува збор за дебитантскиот игран […]

Од „ Љубојна“ до Исмаил Лумановски – свечен Божиќен концерт во Филхармонија


Божиќен концерт на традиционални празнични песни како завршен настан од годинешната манифестација „Бадникови поворки“, се одржа синоќа во Филхармонијата. На концертот на присуствуваа претставници од јавниот, политичкиот живот и од свештенството, а настапија македонски музичари и пејачи, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при […]

Наскоро во тв етерот „Бистра вода“ – прва македонска крими-драма (трејлер)


Првата македонска крими-драма, серија инспирирана од вистински настани „Бистра вода“, наскоро ќе има премиера на ТВ Алфа.Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Почна да се снима во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон  во Горно Нерези , а се снимаше на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата. Ова е првата […]

На 85 години почина Катерина Крстева, позната по улогата на Мара Попара


Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како […]

Културата во 2022: Година на премиери и на предизвици 


„Најсреќниот човек на светот“ и „Кајмак“ – филмовите во македонска продукција, претставите „Пепелашка #Љубов“ и „Госпоѓиците од Авињон“ се само дел од проектите кои минатата година блеснаа на културната сцена, но не изостанаа и проблемите. Внимание предизвика подготовката на новиот Закон за култура, а ликовните уметници бараат свој простор и галерија за работа. Минатата година […]

„Госпоѓата со шешир“ на Маша Оргизек сега и на македонски јазик


Младинската книга „Госпоѓата со шешир“ на словенечката авторката Маша Оргизек излезе од печат и на македонски јазик, соопшти Македонскиот центар ИТИ продукција. Од издавачката куќа информираат дека нивната прва младинска книга е преведена на македонски јазик од страна на Иванка Апостолова Баскар. 

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“


Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор, до 35 години. Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, […]

Најголемите негативци на филмското платно во Кинотека во рамки на Кино утро 2023


  Од 12 јануари, со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, во Кинотеката и годинава ќе се одржи традиционалното Кино утро. – Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал – крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик […]

Една фантастична  книга


  „Една книга“ од Валентин Нешовски во издание на „Или – Или“ беше единствената работа што ми ги разубави новогодишните и божикни празници кои секогаш ми предизвикуваат некаква тескоба, доброволен  „домашен самопритвор“ како признание на вината да не ја гледам парадата на бедните на која учествував долги години. Да не го гледам пак тој циркус […]

Државниот архив ги нарече лаги и измислици тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за Фондот „Манаки“


 По повод објавениот текст на Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ: ,,Ги продаваме ли браќата Манаки“ Државниот архив и Архивот во Битола остро реагираат на , како што велат, неточните податоци, измислици и лаги изречени од страна на оваа Комисија на ДПМНЕ. -Во текстот е посочено дека поради негрижа на Државниот архив, Фондот ,,Браќа […]