Недела на франкофонски филм во Кинотека

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел Интернационал, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Северна Македонија, во рамките на месецот на Франкофонијата, организираат Недела на франкофонски филм во Кинотека.
Неделата на франкофонски филм ќе се отвори в четврток, 23 март, во 20 часот, со прикажувањето на романскиот филм „Радио Метроном“.
Манифестацијата свечено ќе ја отвори Моника Аксинте, Амбасадор на Романија.
Отворањето ќе биде проследено со коктел.
Потоа следат:
– петок, 24.03, швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1h24), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн
– сабота, 25.03, белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021,1h16), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ; по проекцијата следи коктел овозможен од Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел инрернационал
– понеделник, 27.03, францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер
– вторник, 28 март, со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин се затвора неделата на франкофонски филм.
Сите проекции се одржуваат во Кинотеката на Северна Македонија, во 20 часот.
Сите филмови се со превод на македонски јазик.