Железничката станица во Париз ќе стане музеј на Џакомети


Франција- Иако е најпознат по неговите впечатливи скулптури со видно издолжени форми и изразени карактерни црти, и по кои е запаметен како еден од најважните уметници на 20 век, Алберто Џакомети (1901–1966) покрај сликарството бил вклучен и во применетата уметност – изработувал и украсни предмети, меѓу кои и лустери. Еден од нив, како што пренесува […]

Зоран Пејковски ja доби наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за 2022


Зоран Пејковски за поетската книга „Убавите жени“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ за 2022-ра, која Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ја доделува за најдобра книга поезија во претходна година. Одлуката ја донесе комисија во состав: Зоран Анчевски (претседател) и Мерсиха Исмајлоска и Славе Ѓорѓо Димоски (членови). Во потесен избор за оваа награда биле и стихозбирките „Кадуцеј […]

Филхармонија ќе ги донира парите од „Гајрет“ за настраданите во земјотресот во Турција


Парите од продадените билети за концертот „Гајрет“ кој ќе се одржи в четврток со солисти од Македонија, Турција и Либан , ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција, објави Филхармонија. Овој четврток (9 февруари), оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат […]

Костадиновска-Стојчевска во официјална посета на УНЕСКО во Париз


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура. На средбата ќе стане збор за активностите во рамките на УНЕСКО, а ќе бидат разгледани […]

Доделување на наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ


Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде соопштен добитникот на наградата „Ацо Шопов”. Оваа награда се доделува за поезија, а ќе ја добие авторот на најдобрата поетска книга објавена во 2022 година. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат присутни претседателот на жири- комисијата […]

Салман Ружди објавува нов роман, шест месеци по нападот


САД- Шест месеци по нападот, британскиот автор Салман Ружди во вторник ќе го објави својот нов роман “Град на победата” – „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот. Линк до целиот текст тука

Наградата „Гоцева мисла“ за Ристо Лазаров, Ненад Шапоња и Родољуб Ќориќ


 Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава им се доделува на Ристо Лазаров (Северна Македонија), Ненад Шапоња (Србија) и на Родољуб Ќориќ (Црна Гора). Наградата ја доделува фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“. Како што информира ДПМ, годинашните лауреати наградата ја добиваат за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и […]

„Гајрет“ – концерт на Филхармонија со солисти од Македонија, Турција и Либан


Овој четврток, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Гајрет“ на кој како солисти ќе настапат македонската перкусионистка Мојца Седеу и гостите од Турција – Бурџу Карадаг (неи) и Ајкут Коселерли (перкусии). Диригент е Лубнан Баалбаки, а на програмата се Концерт во два става за солист на удиралки и оркестар од Љубомир Бранѓолица, Концертот за неи и оркестар „Хезафрен“ оп 39 […]

Документарецот за Љубе Цветановски „Детето во светот“ поставен на Јутјуб


Филмот „Детето во светот“, посветен на поетот, патописец, документарист и новинар Љубе Цветановски, е поставен на Јутјуб за десетгодишнината од неговата смрт. Режисер на филмот е неговиот син Гоце Цветановски. Филмот се фокусира на неговите сеќавања и на патувањата во над 20 егзотични земји, од каде што ја збогати македонската ризница со бројни репортажи. „Добар документарен […]

Зоран Анчески ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2022 година


На пригодна свеченост одржана во Центарот за култура во Охрид денеска на поетот Зоран Анчески му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело  за  2022 година. Неговата поема „Коњски житија“ беше избрана за најдобра на конкурсот за најдобро авторско поетско дело што секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник.  Лауреатот […]

Мојсова-Чепишевска за романот на Андоновски „Папокот на светлината“: Во душата да ни гори кандилце


  Неодамна беше објавена првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“, за којшто беше соопштено дека на истакнатиот македонски писател му е доделена наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“, за најдобро прозно остварување во 2022 година. Првиот одглас на македонската книжевна критика за романот на Андоновски беше од […]

„Еднаш во животот“: Изложба на генијалниот Вермер се отвора во Амстердам


  Еднаш, велат неговите куратори, „шансата на живот“ можеби е вистинска: никогаш досега не биле собрани толку многу дела на Јоханес Вермер, прозрачниот холандски мајстор од 17 век, на истото место – и многу е малку веројатно дека ќе бидат повторно. Од помалку од 40 слики кои повеќето експерти му ги припишуваат на уметникот, Рајкс […]

Гена Теодосиевска ќе претседава со жирито на ФИПРЕСЦИ на Берлинале


Новинарката и филмска критичарка Гена Теодосиевска е избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) на 73.Берлински филмски фестивал, што годинава ќе се одржува од 16-26 месецов. Теодосиевска е позната како ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности. Таа беше селектор, уметнички директор и директор на […]

Венко Андоновски ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за 2022


Романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2022 година. Признанието традиционално го доделува Друштвото на писателите на Македонија уште од далечната 1975 година. На конкурсот за наградата „Стале Попов“ во ДПМ пристигнаа осумнаесет дела од исто толку автори. Нивниот квалитет го оценуваше комисијата во […]

Мојсова – Чепишевска за „Столб што пее“ на Томислав Османли: Премолченото е она што најмногу боли


Објавена е рецензија за новиот роман на истакнатиот писател Томислав Османли, „Столб што пее“. Овој четврти роман на Османли беше најавен како антивоено, хуманистички ангажирано книжевно дело, а преку рецензијата од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска добива и уште едно критичко вреднување. „Столб што пее“, како што е напоменато и во рецензијата на […]

Харуки Мураками ќе објави нова книга по шест години пауза


Јапонија-  Харуки Мураками ќе објави нов роман, негов прв по околу шест години, на 13 април, објави во средата неговиот издавач, без да го открие насловот или заплетот. Романот на 74-годишниот јапонски автор, кој долго време се сметаше за кандидат за Нобеловата награда за литература, ќе чини 2.970 јени (22 долари) по примерок, соопшти издавачката […]

Рисимкин со „Леди Магбет“ во програмата на Верона фестивалот во Италија


По минатогодишниот огромен успех и гостувањето во култниот Национален театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција, Рисима Рисимкин продолжува да ги освојува најзначајните светски сцени и да ја презентира Македонија на највисоко уметничко ниво. Од 24 до 31 август 2023 Рисимкин, со танчерите на Скопје танцовиот театар, ќе гостуваат на сцената на Фестивалот на […]

ДПМ ќе го соопшти добитникот на наградата „Стале Попов“


 Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Стале Попов“. Наградата се доделува за проза, а ќе ја добие авторот на најдобрата прозна книга објавена во 2022 година. – На прес-конференцијата ќе се обратат претседателот на жири-комисијата за доделување на наградата „Стале Попов“ и писателот кој ќе го […]

Костадиновска Стојчевска – Агелер : Во Битола има уникатно богатство на чија заштита посветено работиме


Битола е богат град, и културно и историски. Секое делче од неа раскажува посебна приказна. Имаме уникатно богатство за чија заштита треба посветена работа“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која првата работна средба со амбасадорката на САД во нашата држава, Анџела Агелер, ја искористи за заедно да посетат неколку значајни локалитети и институции во Битола. Костадиновска-Стојчевска и Агелер ги посетија археолошкиот локалитет […]

Српскиот актер Никола Ѓуричко со стендап настап во Скопје


Фестивалот „Таксират“ во соработка со „Скопје Комеди“ го најавува новото шоу на популарниот холивудски актер, овој пат во улога на стенд-ап комичар – Никола Ѓуричко во Скопје! На 7 март во Филхармонија, Никола ќе настапи со својот нов стенд-ап материјал со наслов „SHOWBIZ“ (Шоубиз). По пауза од три години, 2023 тој ја започнува со многубројни успешни настапи и распродадени […]