Дејан Јанев нов в.д. директор на Центарот за култура во Струмица


Нов в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица од денеска е правникот Дејан Јанев, вработен во оваа установа.

Тој доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка, актерката Танкица Стојанова, која една година ја извршуваше функцијата.

Јанев е назначен за в.д. директор на „Антон Панов“ со одлука на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Тој времено ќе ја извршува оваа функција до изборот на директор откако ќе биде распишан јавен конкурс.

 Јанев е трет в.д. директор на оваа национала установа, откако во септември 2021 година Министерството за култура го именуваше Боби Ѓошиќ, а потоа и Танкица Стојанова.