„А Zoo Called Earth“ – концерт за деца со оркестарот на Филхармонија


Фото: Б. Грданоски

В сабота, во 12 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови.

На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и “А Zoo Called Earth” од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван Коминовски. Концертот се реализира во соработка со Театар „Златен Елец“ Скопје.
Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета земја!