МНТ со „Страв и надеж“ на јубилејниот 60-ти фестивал „Војдан Чернодрински“


  Македонскиот народен театар денес, 10 јуни, ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест […]

Мултимедијален концерт „Неми слики – жива музика“ во Дебар


Во Центарот за култура во Дебар денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“, посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи гудачки квартет предводен од Пламенка Трајковска, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот нуди можност за […]

Изложба „Ултрамарин“ на Јана Куновска во КИЦ


Самостојната изложба на слики „Ултрамарин“ на ликовната уметница Јана Куновска ќе биде отворена денеска во 20 часот во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Поставката ќе може да се погледне до 24 јуни. Куновска, која дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и моментално е на докторски студии […]

Киев ја отстрани статуата на Михаил Булгаков, неговиот најпознат писател


  Статуата на Михаил Булгаков во Киев, која стоеше веднаш до музејот во родното место на најпознатиот писател во градот, е урната, објави независниот руски медиум „Медуза“. Властите во декември минатата година одлучија дека Киев нема потреба од статуата на Булгаков, која беше подигната во 2007 година. Уривањето на статуата беше извршено во духот на […]

Изведба на сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода


Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Претставата е во режија на Сашо Миленковски, а текстот е на Сашо Кокаланов. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Во актерската […]

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје


Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на […]

Изложба на 30 уметници во Македонскиот културен центар во Тирана


На 5 јуни, 2026 година, во Македонскиот културен центар во Тирана беше отворена значајна изложба со која се одбележаа 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци. На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија, Албанија, Косово, […]

Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни


На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која […]

Педесет ракописи во конкуренција за наградата „Пегаз“ за 2026 година


На осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 50 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2025 година и траеше заклучно со 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември […]

Премиерата на „Идеален маж“ во ХНК Загреб дочекана со долги аплаузи и одлична реакција од публиката


Со голем успех и исклучителен интерес од публиката, на 5 јуни во HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб се одржа премиерата на претставата „Идеален маж“ според драмата на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски и со музика на Кирил Џајковски. Премиерата беше проследена со долги аплаузи и одлични реакции од публиката, која ја исполни […]

Дејан Дуковски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ има многу важна улога за мене како автор


Уште како студент учествував со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој имаше многу напади од типот дека сум против македонската кауза. Но, се појавија неколкумина на фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас ја добив наградата за најдобар текст. Фестивалот имаше голема улога во моето растење како […]

Драмски театар со „Кармен“ на фестивал во Романија


Претставата „Кармен“ вечер е во официјалната програма на 14. Меѓународен фестивал за изведувачки уметности БАБЕЛ, што се одржува во градот Т’рговиште, Романија. Фестивалот е основан во 2007 година од Театарот „Тони Буландра“ со идеја да создаде простор за средба на различни култури, театарска естетика и современа сценска практика. Монодрамата „Кармен“ е работена по мотив од […]

Поетот Христо Петрески освои престижна награда во Црна Гора


На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ. Во образложението на Стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности. Христо Петрески настапи и […]

Одбележување 165 години од „Зборникот на Миладиновци“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје


ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност […]

Билети од 300 евра за концерт: Кој ги диктира цените во Филхармонијата?


Прашањето за ценовната политика на културните настани во земјава и достапноста на врвната уметност за пошироката јавност се најде во фокусот на дебатите, откако информациите за билети кои достигнуваат сума од триста евра за одредени концерти во националната Филхармонија предизвикаа бројни реакции. На ваквите бранувања во јавноста со конкретно појаснување излезе министерот за култура и […]

Богата програма за претстојните 63. Рацинови средби во Велес


Програмата на годинашните 63. Рацинови средби продолжува утре (7 јуни) со акција за крводарување насловена „Ти подарувам бесмртност“ што ја организира Општинскиот Црвен крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општина Велес од 9 до 15 часот во Ликовниот салон.  Програмата  почна на 31 мај со атлетската трка „Трчаме за […]

Вториот ден од „Војдан Чернодрински“ во знакот на театарските дебати и две претстави во официјалната конкуренција


Јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој синоќа свечено беше отворен во Прилеп, денеска продолжи со богата програма и бројни фестивалски содржини. Големо внимание предизвикаа првите разговори за претставите од официјалната конкуренција. Претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар, која го отвори фестивалот, беше оценета како дело што не бара да биде раскажано, туку толкувано. […]

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане


Достоинствена и емотивна вечер сведочеше синоќа публиката во гледалиштето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и целата македонска нација преку директниот пренос на МТВ1, на свеченото отворање на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Вечерта беше во знакот на паметењето и колку е тоа важно за секоја култура. Во таа чест беше и […]

Силјановска Давкова: Шест децении театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност


Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.   Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот  рече дека […]

Во организација на ДКЦ ќе се одржи Фестивал за класичен балет и модерен танц


Во организација  Детски културен центар – Карпош во Македонски народен театар од денеска до 9 јуни ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што […]