Девет стихозбирки во потесен избор за наградата „Антево перо“


Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“.

Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна – „Анатомија на бршленот“, Лидија Размоска Тримовска – „Патот до Огнена“, Јулијана Младеновска Тешија – „Чекркот“, Александар Русјаков – „Дегустација на жената“, Милош Соколиќ – „Име во идно време“, Маја Мојсова – „Ајта“ и Даниела Андоновска Трајковска – „Ако не се отвори фиоката мачката ќе биде жива“. 

На вториот состанок, како што информираат од манифестацијата, жири-комисијата истакнала дека рекордна бројка од 115 пристигнати збирки.

Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува со цел откривање и афирмација на нови млади талентирани поети кои творат на македонски јазик и е потстрек за нивното творештво, стручната комисија ги номинирал следните четири збирки на Дарија Јовановска – „Протекување“, Бојан Димовски – „Гареж од метафори“, Васја Мицковски – „Патот дома“ и Марија Велинова – „Штрингла“.

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително признание за необјавен поетски ракопис на македонски јазик, а ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во рамки на мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.