Кој е следниот што ќе избега утре


Ерол Ризаов Никола Груевски ја доби најзначајната потврда во животот, спасоносната тапија за промена на идентитетот. Поранешниот премиер, актуелен пратеник, наместо во затвор во Идризово, ќе биде на слобода како азилант во Унгарија. Може слободно да нè поздрави во живо сите и да ни каже од прва рака колку му недостасуваме и колку неизмерно ја […]

Не сум луд, но сум од Македонија!


Марија Павлеска   Ако некој ве замоли да му ги раскажете хронолошки од почеток до крај настаните од еден ден случени во Македонија, постојат неколку опции. Една од нив е сами да прекинете кога во текот на зборувањето ќе сфатите дека кажавте премногу апсурдни работи, а не сте ни до половина со набројување. Втора опција […]

Македонија си доби свој „Брегзит“


Слободанка Јовановска   Македонија изврши политичко самоубиство. Место да го изгласа референдумот и да отвори пат за евроинтеграција и стабилизација на земјата, поради тесни партиски и профитерски причини голем дел од граѓаните останаа дома и бојкотираа. Она што ни се случува сега наликува на „денот потоа“ во Велика Британија, кога сите што не сакаа да […]

Груевски е во Македонија


Ерол Ризаов Никола Груевски никогаш не бил поприсутен во Македонија отколку сега, кога избега од земјата. Сите разговори – на свадби и на погреби, во меани и кафулиња, во црква и во џамија, пред и по молитва, а некои велат и за време на молитва, во МАНУ и на пазар, во обложувачници и коцкарници, во […]

Сега е момент да се тргне дефиницијата „20 отсто“


Роберт Несими Овие денови јавноста во Македонија разбирливо е преокупирана со вестите за бегството на Никола Груевски во Унгарија. Истовремено, се чини, се заборава дека во Собранието продолжува процесот на уставни промени. Во самиот тек на овој процес и претходно, посебно во македонските медиуми, не им се даваше доволно простор и внимание на сосема рационалните […]

Македонското тешко оро – од сиртаки па до чардаш


Звонко Давидовиќ   Деновиве во Македонија главна тема или топ-тема, што би рекле новинарите, е бегството на Никола Груевски. Секој има свое видување или свој коментар за настанот, а мене сето ова ме потсетува на она машко перчење за главата на семејството и машката доминација во македонското семејство. Тоа перчење во врска со главниот збор […]

Ветингот како правец на реформите


Ветингот е нов, би рекла, „трендовски“ термин во речникот на нашите реформатори. За волја на вистината, полесно е да се објасни значењето на ветингот отколку улогата и значењето на поимот „реформатор“ во Македонија. Така, постојат реформатори на/во политички партии, или за реформатори често се сметаат аналитичари, кои на властите им укажуваат како се спроведуваат реформи, […]

Груевски жежок костен во рацете на Орбан


Ерол Ризаов За искусните познавачи на судските процедури и процеси имаше јасни сигнали дека се работи за подготовка за бегство на Никола Груевски на повеќе нивоа и со повеќе луѓе. Од пласирање на аргументи пред домашната и светската јавност за нефер судење, до транспорт и барање на азил како жртва на политичка пресметка на хунтата […]

Бегство според Устав и закон


Ѓорѓи Спасов Откако помина викендот, кога доставувачите на покани за издржување казна на осудените лица не работат, многубројни телевизиски екипи и полицијата ја започнаа акцијата „Спроведување на осудениот Груевски во затвор“. Многубројната публика седната пред екраните гледаше како го бараат во неговиот дом од кој „излегол“, па по автомобилите кои влегуваа и излегуваа од седиштето […]

Антикатарза со чардаш


Љупчо Поповски Спектакуларното исчезнување на Никола Груевски од Скопје ги разгоре сите можни теории на заговор од кои Македонија никогаш не може да се куртули. Основната нишка на тие теории е дека неговото исчезнување е смислен договор на највисоките врвови од сегашната власт со Груевски поранешниот премиер да го снема од државата, на јасен начин […]

Орбан да си даде оставка


Слободанка Јовановска За големиот скандал што ни се случи оваа недела – бегството на Никола Груевски – нема кој да даде оставка во Македонија. Уште повеќе, така како што тргнал со изговорите премиерот Зоран Заев, единствен кому ќе му побара оставка, ќе биде унгарскиот премиер Виктор Орбан. Вчера пред новинарите Заев надолго образлагаше како сè […]

Миграции: глобални поттици, локални трауми


  Ило Трајковски Прашањето за иселувањето од земјата станува сè погорливо. Снемува доктори и работници, снемува млади, а старите остануваат сами. Заедно со тоа земјата снемува надеж, снемува перспектива. Приказните за интеграцијата во НАТО и ЕУ не само што не влеваат нова надеж туку носат нови фрустрации. Најголемиот дел од младите, иако не само тие, […]

Кој му помогна на Груевски да избега


Ерол Ризаов Потерницата по поранешниот премиер Никола Груевски, кој цела деценија беше неприкосновен владетел на Македонија, е голем срам нанесен на државата и на граѓаните, тежок смртоносен удар врз партијата ВМРО-ДПМНЕ. Груевски се бара како избеган осуденик да ја отслужи казната и да се соочи со правдата за повеќе други тешки кривични дела направени за […]

Новата тиранија на доларот


Марк Леонард Доналд Трамп можеби нема да сака да започне војни на Блискиот Исток, но тоа не значи дека тој ги извлекува САД од „бизнисот“ за промена на режими. Неговата администрација јасно стави до знаење дека сака санкциите врз Иран да ја исполнат истата цел како и за инвазијата на Ирак од страна на администрацијата […]

Проблематичен до крај


Фросина Факова-Серафиновиќ Десет години додека беше на власт секојдневно се појавуваше со изјави во медиумите, одговараше на нарачани прашања и се фалеше со позитивни вести за граѓаните. Сега,пак, медиумите се преполни со вести за експремиерот Никола Груевски чија поента е – дека исчезнал во непознат правец. Кога дојде време да оди во затвор за да […]

Гласачите на Трамп


Петар Арсовски Доналд Трамп, како политички феномен, веќе подолго време е предмет на анализи од повеќе аспекти на политичката комуникација. Како претседател, кој беше избран со најнизок рејтинг во историјата на претседателските избори, тој веќе беше своевидно изненадување за класичната теорија на политички маркетинг. Но уште повеќе, тој во текот на својот мандат ужива исклучително […]

Долг е патот до правдата


Ерол Ризаов Македонија е во исчекување дали Никола Груевски ќе се појави пред затворските порти и ќе стане најпознатиот затвореник. Синонимот на злото сместен зад решетки нема ништо да промени во животот на луѓето, но ќе ги зголеми надежите и шансите дека е можно да завладее правото и во оваа кутра земја. Тоа ќе потрае уште долго […]

Изберете забрзани реформи


  Никола Попоски На една од повеќето стручни, стручно-политички или затворени за јавноста научни и експертски дебати што деновиве се водат во врска со предлогот на Владата за воведување на измени во данокот на персонален доход, се слушна едно интересно размислување на професор по економија кој, парафразирано, рече дека сега понудените измени се прифатливи, но […]

Диктатот на политиката


Борче Давитковски Македонија, за жал, сè уште е земја во транзиција (27 години), или кажано со нова терминологија, држава со отприлика перманентна или латентна политичка криза. Затоа, слободно може да се каже дека постојано актуелната политика влијаела врз положбата и екипирањето на извршната и управната власт, со што таа и вистински стана доминантна во однос […]

Мовембер


Лејла Сабит Биди машко, па оди на преглед. Не пуштај само мустаќи, туку подигни ја свеста. Знаеш ли, ова е месец на машкото здравје, и сите останати 335 дена. Не е сè во изгледот, здравјето пред сè. Кога си млад, не знаеш, во зрелите години ќе дознаеш. Културата на здравјето и на живеењето се учи […]