Сонот и јавето на Груевски


Ерол Ризаов Веднаш по големата победа на парламентарните избори 2006 година, Никола Груевски, сè уште неименуван за премиер, го раскажа пред македонската јавност неговиот сон. Тој негов говор во Трново одамна е избледнет и заборавен бидејќи неговата визија за Македонија брзо исчезна, како и неговиот сон. Тогаш речиси голобрадото момче настапи безмалку како Мартин Лутер […]

Десетти во светот!


Здравко Савески Светска банка објави дека Македонија е на десеттото место во светот според поволноста да се прави бизнис во земјата. За да се сфати колку тоа е исклучително висока позиција, можеби најдобро е да се повлече паралела со ранг-листата на ФИФА. Ако Македонија во моментов беше десеттата фудбалска нација во светот, тоа ќе значеше […]

(Де)поларизација


Александар Кржаловски   Завчера, 6 ноември, согласно со фамозното правило „првиот вторник, по првиот понеделник во ноември“, се одржаа избори за целиот состав на Долниот дом на Конгресот со 435 места и делумни избори за Горниот дом – Сенатот, за кој се избираа 35 сенатори, од вкупниот број од 100 места. Покрај тоа, се одржуваа […]

Преспа да не ги преплави реформите


Александра М. Митевска Во јуни следната година, кога Европскиот совет ќе носи одлука околу датумот за преговори на ЕУ со Македонија, спроведувањето на договорот со Грција сигурно ќе биде најважниот, но не и единствениот аргумент за тоа дали земјава ќе исчекори уште едно скалило погоре во интеграцискиот процес. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан деновиве, веројатно, […]

Данок на патриотизам


Ерол Ризаов Најдобро решение за новиот даночен систем ќе беше да се воведе нов основен критериум за точна мерка за патриотизам и љубов кон татковината. Тоа би била висината на износот на данок што го плаќаат борците за заштита на Македонија. Нивното сакање на државата досега не се мереше со пари. Убаво е да се […]

И име менуваат и народ осиромашуваат


Александар Николоски Секоја политичка партија тежнее да дојде на власт за да ги спроведе своите политики, да создаде нови проекти, да отвори нови работни места, да го подигне животниот стандард на народот и да ги спроведе државните политики. Цел на секоја политичка партија е кога ќе дојде на власт да создаде подобар живот за граѓаните […]

Ако Македонија ја нема


Анета Димовска „Македонија, ако ја немаше, би требало дипломатијата да ја создаде за доброто на Балканот“, Петар Поп Арсов Најчесто, кога двајца луѓе ќе се затекнат сами во одредена тешка состојба, тие природно, а во согласност со психолошките карактеристики, афинитети и познавања, ќе се распределат на водач и негов придружник. Едниот ќе води, другиот ќе […]

Сакаме воздух, многу ли бараме?


Високите вредности на ПМ 10 честичките не ги дочекаа ниските температури ниту, пак, грејната сезона да дојде во полн ек. Загадениот воздух полека, но сигурно, ни станува секојдневие, а свесни сме дека ќе биде само полошо. Здравствените организации токсичниот воздух веќе го карактеризираа како тивок убиец, а доказ за тоа се 500.000 смртни случаи годишно, […]

Некултурата како животна филозофија


Звонко Давидовиќ Рано утро, градот полека се буди сè уште обвиткан во ноќ и го чека денот за да зоврие како во кошница. Ѓубреџиите ги трескаат контејнерите празнејќи ги онака како што се научени, пола во камион, половина околу контејнерите и ги враќаат како ќе им дојде во тој миг, дел на улица, дел на […]

Антикомунисти загрижени за АСНОМ


Ерол Ризаов Судирот меѓу незнаењето и емоциите кај македонските патриоти е рајска градина за берење отровни плодови. Трогнувачка е деновиве големата загриженост за судбината на одлуките на АСНОМ, баш во делот кој е неостварлив. Довчерашните креатори на маргинализацијата на антифашистичката борба и НОВ и осведочени антикомунисти сега се поголеми борци од директните учесници на АСНОМ […]

Трамп на тест на изборите среде мандатот


Роберт Несими Како што прават редовно 250 години по ред, овој вторник по првиот понеделник во ноември, Американците повторно ќе излезат на избори. Тие ќе треба да изберат 438 претставници во нивниот Дом на претставници, 35 сенатори, 36 гувернери, како и илјадници државни легислатори, градоначалници, советници итн. Главното прашање секако е кој ќе добие мнозинство […]

Викенд


Лејла Сабит Некој дише чист, некој планински, некој морски, а некој моден воздух. Зависи што ви треба, што ви прави ќеф и без што не можете да живеете. Работата ја делиме со сите, ама викендот е само наш, интимно, скапоцено време, кое го криеме од очите на јавноста. Сами, во двојка, во друштво, со семејството, […]

Најважното ветување


Ќе направам Сарај да биде економски развиен и урбанизиран, викна митингашки лани кандидатот за градоначалник, Блерим Беџети. Ја бараше довербата од триесетината илјади граѓани на општината Сарај, колку што се запишани во избирачкиот список. Како главни проекти беа наведени изградба на поликлиника и ревитализација на езерото Треска. Беше крај на септември и почеток на октомври […]

Загадено, според Уставот и законите


Марија Павлеска Пред два дена, на 31 октомври, Европската агенција за животна средина ја рангираше Македонија како најзагадена земја во Европа. Во извештајот на агенцијата, Македонија е „лидер во Европа“ со повеќе од една третина повисоки нивоа на PM 2,5 од земјата што следува по неа во извештајот. Наодите од извештајот се базираат на податоци […]

Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри


Ерол Ризаов Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри за Македонија. Распадот на единствената легална револуционерна партија во Европа може да го спречи претседателот Христијан Мицкоски ако поднесе неотповиклива оставка, која ќе означи почеток за консолидација на опозицијата. Надојденото цунами со оставки во партискиот врв ако ги збрише сите компромитирани наследници и послушници на Никола Груевски, […]

Дефокусирани од иднината


Никола Поповски Додека во Македонија јавноста жолчно се расправа во врска со тоа дали треба да се променат името и Уставот на земјата, дали да се даде амнестија на криминалот и тероризмот од секаков вид и дали треба да се одземе незаконски стекнатиот имот на гореспоменатите протагонисти, а во услови кога институциите се во активна […]

Расцеп каков што се очекуваше


Александра М. Митевска Во две фази досега, практично, се развива судирот во ВМРО-ДПМНЕ по донесувањето на одлуката во парламентот за пристапување кон уставни измени. Прво беше фазата на исклучувања од партијата и на разрешувања од функционерски позиции на пратениците кои гласаа за отворање на Уставот и на оние што се осомничени како „колаборационисти“ во обезбедувањето […]

Од сите страни Мицкоски сардисан


Ѓорѓи Спасов Ако политиката е „уметност на согледување на можностите за остварување на јасно дефинирани цели“, како што рекол германскиот државник Бизмарк, тогаш Христијан Мицкоски во овој момент е веројатно најлошиот уметник во Македонија. Тој во својот недамнешен говор во МНТ уште еднаш повтори дека клучна цел на неговата партија е македонскиот политички систем да […]

Ќе седне ли Иванов на обвинителна клупа


Ерол Ризаов Предистражна постапка за претседателот на државата Ѓорге Иванов отвори скопското јавно обвинителство. Даниела Рангелова, една од големите ударни сили од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, поднесе оставка на функцијата претседател на Унијата на жени. Иако двете вести беа очекувани, сепак одекнаа силно во јавноста како уште една најава дека Македонија се движи во вистинска насока […]

Скарани по помирувањето


Петар Арсовски Изгледа дека полесно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе си простат едни на другите, одошто ВМРО-ДПМНЕ да си прости самата себеси. Како што почна да се расплетува ситуацијата во најголемата опозициска партија, така изгледа дека тие ќе останат заглавени во сопствената валпургиска судбина на подолг рок. Последното писмо од Мијалков до Мицкоски е само лајтмотив […]